Иако пливањето можеби не е првиот спорт на кој помислувате кога сакате да се ослободите од масните наслаги околу стомакот, сепак, можеби треба почесто да размислувате за него.
Ниту една вежба нема истовремено да ги согорува калориите, да ви го забрзе метаболизмот и да го затегне баш секој мускул во вашето тело. Еден час лесно пливање согорува околу 500 калории, додека интензивното грбно пливање може да согори и до 700 калории.
Сепак, кога ќе се одлучите за пливањето како начин на рекреација, треба да имате на ум како да му пристапите. Погрешно е да очекувате дека уште првиот ден ќе можете да пливате еден час. Само после 4 минути пливање, повеќето луѓе се чувствуваат исцрпено, а тоа се случува поради тоа што вашите гради мора да се прилагодат на новиот начин на дишење, кардиоваскуларниот систем работи на поинаков начин, а за движење во во водата потребно е да го активирате секој мускул. Затоа, потребно е да започнете полека, па постепено да го зголемувате своето темпо, што на долг рок ќе придонесе да го доведете вашето тело во совршена форма, а масните наслаги на стомакот ќе станат ваше минато.