Романтиката во астрологијата овој пат ја поврзуваме со Рибите. Тие обожаваат да фантазираат и имаат способност работите да ги направат магични. Нежни се, а им треба партнер кој ќе им даде сигурност и слобода.
Најголемиот предизвик на Рибите е да се наметнат себеси, па затоа и тешко им е да го побараат директно од партнерот тоа што го сакаат. Тие забораваат дека луѓето не читаат мисли, па можат да станат малку пасивно-агресивни ако не го добиваат тоа што го сакаат. Тоа може да предизвика да скокаат од една во друга врска, наместо да се обидат да ја средат сегашната. Исто така повеќе ги возбудува „играта на освојување“ отколку самата врска, па многу често се губат во флертувањето и искушението на првиот бакнеж, а потоа губат интерес за личноста.
Нивната интензивна креативност, желбата да го направат светот подобро место за живеење и љубовта кон сите суштества ги прави совршени парови. Со нив ќе чувствувате како да имате љубов од филмовите, секако, ако и вие сте подготвени да живеете во истата бајка.