Реклама
MAMAБебиња

Со овој едноставен трик спречете го вашето бебе да мрда додека му ги менувате пелените

Реклама

Овој трик кој го сподели една мајка, ќе ги воодушеви сите родители на немирни бебиња.

ФОТО: babykis.com

Менувањето пелена бара концентрација и особени вештини, посебно кога вашето дете влегува во фаза на непрекинато мрдање, движење и бегање. Една мајка открива еден едноставен трик со кој оваа задача ќе ви стане малоку полесна. Воодушевените родители се запрашаа како до сега не им текнала оваа идеја.

Ерин Биес објавила снимка од сопствените реакции на овој трик и се запрашала како за тоа не знаела додека нејзините деца носиле пелени. Се’ што ви е потребно е детското боди кое ќе го закопчате преку детските раце. И, тоа е тоа!

Маркетинг

Мора да признаеме дека ова е одлична идеја, зар не?!

Совети плус: За уште поуспешно менување на пелената на бебето, секогаш на масата за промена или на креветот до себе имајте нешто што знаете дека ќе му го одвлече вниманието на вашето малечко, при што нема да се превртува или плаче. На пример, тоа може да биде некоја интересна и шарена играчка, огледало, омиленото меченце и слично.

Маркетинг

Исто така секогаш кремата и пударта оставајте ги подалеку од негов дофат, зашто ако ги дофати ќе ги истури и ќе имате многу повеќе работа, а процесот на менување пелени ќе биде подолг и понервозен.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button