Реклама
NEWSБизнис

Со овие професии можете да се збогатите преку ноќ, за некои нема да ви побараат искуство

Реклама

Одрдени професии можат да ни донесат многу пари со малку часови работа. Некои луѓе се одлучуваат за дополнителна работа или хоби кое што им носи добра заработка.

Па, така шминкерите, мајсторите, фотграфите, тернери, преведувачите, се дел од оние професии кои се избор за втора работа.

Професионалните и аматерски шминкери често заработуваат дополнителни пари со шминкање за специјални настани како што се свадби, фотосесии или други прослави. За вакви пригоди се заработува од 50 до 200 евра во зависнот за каква намена се шминка. Невестите плаќаат најмногу за оваа услуга. Воедно и повикот за професионална шминка за спот, реклама исто така е солидно платена работа.

Маркетинг
фото: пикселс

Занаетчиите кои се занимаваат со електрични инсталации, водовод или столарија можат да остварат значителен дополнителен приход преку приватни проекти. Мајсторите се се поретки на пазарот, па затоа доколку се обучите за поравки во било која свера ќе имате често повици на вашиот телефон и ќе триете раце.

фото: пикселс

Фотографите ги користат своите вештини за да снимаат свадби, родендени, настани. Цената на услугите на фотографот зависи од искуството, но основните цени може да бидат:

Маркетинг

Крштевки од 70 евра
Родендени од 100 евра
Свадбите почнуваат од 150 евра, а можат да достигнат и повеќе од 700 евра.

фото: пикселс

Во ерата на здрав живот, личните тренери и фитнес, инструкторите по јога или пилатес можат да генерираат дополнителен приход преку индивидуални или групни тренинзи. Цената за персонален тренинг може да биде околу 200 евра месечно.

Хонорарните графички дизајнери за креирањето на визит-картички, логоа и банери, можат да работат од дома и да заработат преку разни проекти. Ова е многу барана професија во последните години.

фото: пикселс

Оние кои зборуваат повеќе јазици можат да преведуваат текстови и да водат онлајн разговори за приватни клиенти или бизниси и од тоа да го полнат џебот.

Продажба преку Интернет – Популарна опција за дополнителен приход е продажбата на рачно изработени производи, винтиџ облека.

фото: пикселс

Блогерите и креаторите на социјалните медиуми можат да генерираат приход преку промоција на производи и спонзорирани објави.

Ова се предлози коишто можеби ќе ви помогнат како во иднина да размислувате за зголемување на вашиот личен приход.

фото: пикселс

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button