Иако е многу тешко да се процени личноста само врз основа на нејзиниот хороскопски знак, сепак, постојат заеднички особини кои ги носат личностите родени во еден знак. Еве со кои хороскопски знаци треба да бидете особено внимателни кога разговарате со нив.
Овен
Припадниците на овој знак бурно реагираат, па дури и на ситници. Многу се разлутуваат ако почувствуваат дека се сомневате во нивните ставови, способности и уверувања. Тежок карактер се и многу тврдоглави, па не дозволуваат да им бидат наметнати ставови и мислења.
Девица
Девиците не сакаат да бидат премногу измачувани и мразат кога од нив се бара нешто. Имаат многу малку разбирање кон другите и кон туѓоте проблеми, па тука лесно може да дојде до расправии. Големи критичари се и сакаат да бидат сами и мистериозни, па понекогаш мора да се изнамачите за да дојдете до некој аспект од нивниот живот.
Скорпија
Личностите родени во овој знак се познати по својата гордост. Ако ги критикувате пред другите луѓе, или уште полошо зад нивниот грб, тогаш подгответе се за остра кавга. Она што исто така може да ви пречи кај нив е нивната рамнодушност кон важни животни ситуации.