Со овие чизми може да го освоите светот, а сега се на голем попуст – понудата е ограничена во овие наши продавници
Високите чизми се враќаат, и изгледаат подобро од кога било! Потпетицата им е толку совршена и удобна што лесно може да го освоите светот.

Оваа сезона, длабоките чизми повторно ја преземаат модната сцена, и со право. Елегантни, софистицирани и неверојатно практични, тие се парот кој без проблем се вклопува во секој стајлинг од утро до вечер.
Во продавниците за обувки „Метро“ моментално се достапни по намалена цена од 50%, што ја прави оваа акција идеален момент да инвестирате во пар што ќе го носите цела зима.
Advertisement
За на работа: урбана елеганција со минимален напор
Комбинирајте ги овие високи чизми со сукња со молив крој или елегантни широки панталони и меко ултрафина блузичка со ролка или со нежен џемпер во пастелна нијанса. Додадете капут кој ја следи линијата на телото и ќе добиете професионален, модерен изглед што зрачи со самодоверба.

Овој тип чизми визуелно ја издолжува ногата и внесува баланс, дури и во наједноставните канцелариски комбинации.
За викенд и секојдневие: удобност со карактер
Со фармерки со висок струк, плетен џемпер и бундичка од вештачко крзно, длабоките чизми стануваат совршен избор за шопинг, кафе или прошетка низ градот.

Ги најдовме во неколку нијанси, црна, темно виолетова (која е наш фаворит за оваа есен/зима) и нежно кафена која одлично се комбинира со секоја нијанса на облека.
За вечерни излегувања: драматичен и забележлив впечаток
Длабоките чизми се родени за вечерна сцена, особено ако изберете ултраслим модел.

Комбинирајте ги со мини фустан, кожена јакна или смела сатенска комбинација и ќе добивате изглед кој вреска самодоверба. Високата линија на чизмите визуелно ја издолжуваат силуетата создаваат моментален wow-ефект.
Достапни се во продажба во ограничени количини со 50 отсто попуст, односно со цени прифатливи за секој џеб – од 1730 до 1995 денари.



