Реклама
Интервју

Со оглед на тоа дека сум штипска снаа, „забрането јадење“ кај нас е пастрмајлија – Јанева во ПОЗНАТИТЕ ВО КУЈНАТА

Да видиме дали Александра е подготвена да биде добра домаќинка, што ќе готви традиционална или модерна храна или пак ќе биде од домаќинките што нарачуваат оброк за семејството.

Реклама

Пејачката Александра Јанева  недомана го кажа судбоносното „ДА“. Нејзиното момче Иван Ангелов од Штип, ја побара за жена романтично пред Ајфеловата кула.

Сега на прагот од домаќинскиот живот одлучивме и Јанева да биде дел од нашиот серијал -ПОЗНАТИТЕ ВО КУЈНАТА.

Маркетинг

Да видиме дали Александра е подготвена да биде добра домаќинка, што ќе готви традиционална или модерна храна или пак ќе биде од домаќинките што нарачуваат оброк за семејството.

 

Маркетинг

Уживајте во интервјуто со прекрасната Александра Јанева.

Дали сакате да готвите?

И да готвам и да јадам, подеднакво. :))

Што најдобро знаете да зготвите? Дали сте брзи или бавни во кујната?

Многу сум брза во кујна. Затоа и најчесто бирам да подготвувам брзи и едноставни рецепти кои не одземаат повеќе од 30-40 мин. во кујната. Таљатели во болоњезе сос и компир манџа ни се омилени дома. А, месото и рибата обожавам да ги спремам со најразлични сосеви за кои добивам инспирација од инстаграм reel-ови и за нив најчесто добивам коментари дека се мошне вкусни.

Кој е најкомплицираниот рецепт што знаете да го направите?

Не памтам комплицирани рецепти. Кога се обидувам да направам нешто комплицирано како на пр. некоја торта си наоѓам рецепт онлајн и си ги следам чекорите редоследно.

Кое ви е омилено јадење?

Турли-тава.

Што преферирате повеќе благо или солено?

Благо.

 Има ли нешто што не јадете?

Не постои нешто што не јадам, има само многу работи кои не сум ги пробала или во текот на спремањето испуштаат некој за мене непријатен мирис и немам желба да ги пробам. Како на пример: чкембе чорба.

Кое е најубавото нешто што сте го пробале од храна?

Летово ја пробав можеби најубавата виенска шницла во комбинација со сосеви, компир салата и џем од малини.

На кој начин најчесто ги откривате рецептите? Дали сакате да ескпериментирате во кујната или се држите за традиционалната кујна?

Сакам да експериментирам, особено со зачини. Со мојата најдобра другарка многу често се смееме, ми се чуди како и кога е празен фрижидерот дома секогаш наоѓам две-три намирници кои никогаш нејзе не би и паднале на памет, ги комбинирам експериментално и правам нешто вкусно.

Дали во Македонија има добра храна? Кој е најдобриот македоснки специјалитет?

Во Македонија има врвна храна. Има толку многу јадења кои ми се омилени, но еве би издвоила полнети пиперки.

Што им препорачувате да пробаат на гостите од странство?

Тавче – гравче и штипска пастрмајлија.

Дали знаете да се опуштите со нездрава храна? Што јадете од „забранетото“?

Со оглед на тоа што сум штипска снаа, најчестиот cheat meal е пастрмајлија. :) А од благото – трилече или палачинка.

Што преферирате повеќе овошје или зеленчук?

Во последно време зеленчук.

Има ли нешто што никогаш не сте го пробале од храна, а сакате да го пробате?

Сакам да пробам специјалитети со чипотле сос. Ми се допаѓа мексиканската храна.

Дали консумирате алкохол?

Се’ поретко. Чашка-две еднаш до два пати во месецот можеби.

Кој ви е омилен пијалок?

Некој освежителен коктел.

Што би одбрале ручек со пикник или ручек во елитен ресторан?

Искрено, поважно ми е со кого ќе го поминам времето за ручек. И на пикник и во елитни ресторани ручекот и времето поминато заедно биле феноменални поради друштвото.

Во продолжение слушнете ја најновата песна на Александра Јанева „Одвреме-навреме“, со многу забавен видео-запис.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button