Ракавиците се неизбежен моден додаток за оваа сеозна. Елеганцијата која што можете да ја постигнете со ракавиците е рамна на насловна фотографија од престижно модно списание.
Можете да одберете било каква боја во зависност од облеката што ја носите. Ракавиците најубаво се комбинираат со тесен долг фустан и најдобро прилегаат во таква комбинација.
Дамите одбираат да го носат и во други варијанти, со целосни панталони, мини фустанчиња, па дури и фармерки…
Сепак, нашиот предлог е да одберете некој елегантен фустан и да блеснете во просторијата како права дама.
Ракавиците ги има во секакви варијанти, просирни, свилени, сатенски, кожени, скај, чипкани…
Наш предлог се сатенските или плишаните за овој период од годината.
Овој производ можете да го купите од 300 до 3000 денари, во зависност од каде ќе се одлучите.
Мерлин Монро е позната по нејзините бели ракавици со розовиот пинки фустан, но не секоја жена одбира силни бои. Розовата, зелената боја се впечатливи и најчесто ги одбираат жени коишто сакаат да бидат центар на внимание.
Најсигурна опција ви се црните ракавици. Во секој случај не заборавајте да ставите многу масивен накит на ракавиците, така ќе го постигнете посакуваниот ефект сите да гледаат во вас и цела вечер да добивате комплименти.
Еве неколку предлози каде можете да најдете елегантни ракавици онлајн во Македонија:
На крај ве иснпирираме како да ги комбинирате: