Со мошти на светци и икони жителите на Санторини излегоа на улиците на литија против земјотресите – „Господ да не помилува и да стави крај на ова зло“ (видео)
„Поради празникот Свети Хараламбос, мислевме дека треба да се одржи литија за помош при земјотреси“, објаснуваат жителите на селото Емпорио.
Грците, беспомошни и преплашени што Санторини непрекинато се тресе веќе единаесет дена, решиле да побараат помош од Бога.
Илјадници земјотреси, со јачина од над 3 степени до 5, 3 според Рихтеровата скала, го тресат овој прекрасен остров повеќе од една недела, поради што луѓето почнаа да се молат на Бог.
@protothema.gr МаркетингΣαντορίνη: Με σημαίες, λείψανα αγίων και εικόνες στους δρόμους κάτοικοι για λιτανεία κατά των σεισμών #santorini #litaneia #tiktokgr #protothema #greektiktok
Десетици жители на селото Емпорио на Санторини излегоа на улиците и учествуваа во големата поворка за да го прослават празникот Свети Хараламбос и се молеа да престанат земјотресите.
Носејќи транспаренти, грчки знамиња, но и моштите на Свети Хараламбос, како и икони и ковчегот на Свети Продокиј, верниците ги носеа светите мошти низ улиците на селото, барајќи заштита од Бог и мир за нивното место.
Како што информираат жителите на областа, поворката била организирана во консултација со селскиот свештеник, во обид да се обезбеди духовно ослободување од сеизмичката активност што го погодува Санторини.
– Свети Хараламбос помага при болести. Секогаш шетавме низ селото, сега попот вели дека оваа литија ќе биде и против болести и за смирување на земјотресите – изјави за protothema.gr жител на селото.
На мештаните им се придружија и жителите на другите села. Велат дека дошле да се молат да престанат земјотресите.
– Поради празникот Свети Хараламбос, мислевме дека треба да одржиме литија за помош од земјотресите – додава една жена која дошла од друго село на Санторини.
– Господ да не помилува и да стави крај на ова зло. Ако е суша или слично, правиме литија. Секогаш има голема поворка за Свети Хараламбос. Обично одевме по уличките, но поради ситуацијата не можеме да одиме таму. Верувам дека земјотресите ќе престанат, Господ знае – додава друг жител на селото Емпорио.