Ракот со Стрелец, а Рибите со Лав …
Ако ѝ верувате на астрологијата, во продолжение дознајте со кој не би требало да започнувате љубовна врска.
Овен – со Јарците
Вие сте спонтани, а Јарците не можат да отидат на вечера без резервација.
Бик – со Водолија
Водолиите се премногу елегантни за да ги следат вашите луксузни барања.
Близнаци – со Скорпија
Уште пред да ве бакне, Скорпијата бара верност, а не флерт и игра!
Рак – со Стрелец
Кога нешто ќе ве мачи, Стрелците ќе ви кажуваат шеги, а вие ќе се чувствувате несфатени.
Лав – со Риби
Кога Рибите ќе паднат во депресија, ќе ве игнорираат одреден период, а тоа не ви годи!
Девица – со Вага
На Вагата не ѝ оди добро со обврзувањата…
Вага – со Девица
Ќе чувствувате притисок за да направите нешто, а тоа не ви е во полза.
Скорпија – со Близнаци
Нивното флертување ќе ве претвори во бесна и љубоморна личност.
Стрелец – со Рак
Раковите се одлични пријатели, но трудете се да ви останат само пријатели!
Јарец – со Овен
Овенот е детето во Зодијакот, а вие сте организирани и доследни на обврските…
Водолија – со Бик
Неговата љубов кон скапи работи е нешто што вие како хуманитарци не би можеле да го сфатите.
Риби – со Лав
Гордиот Лав тешко ја покажува својата чувствителна страна.