Реклама
Нега и здравје

Со здрава храна против настинка и грип

Реклама

Постојано внимавате на себе, убаво се облекувате, редовно ги миете рацете, проветрувате, се одмарате, избегнувате гужви за да не закачите настинка или грип.

Маркетинг

Но, можеби ја заборавате најважната работа – правилната исхрана. Вашата исхрана може да ви помогне да се одбраните од настинките и  грипот зајакнувајќи го имунитетот на организмот. Еве како:

Активните ацидофилни култури, кои ги има во многу јогурти, го зајакнуваат системот за варење. Затоа јогуртот треба да биде постојано присутен во вашата исхрана. Витаминот Ц го зајакнува имунитетот, го помага процесот на заздравување на организмот и затоа требасекојдневно  да внесуваме храна богата со витамин Ц како овошје, зеленчук и свежи сокови од овошје и зеленчук. Интегралните жита содржат повеќе хранливи материи од преработената храна, така што треба да им дадете предност во исхраната – интегрален леб наместо бел, интегрални житарки за доручек (во комбинација со јогурт, на пример). Лукот е познат по своите антибиотски својства и помага да се спречат заболувањата. Во борбата против грипот и настинките лукот треба да биде застапен во исхраната секојдневно (пожелно е да го конзумирате заедно со вашиот партнер, поради „пријатниот“ мирис). Не го заборавајте стариот добар мед, како и јаткастите овошја, кои заедно прават одлична комбинација – на пример мед и ореви. Пијте многу течности, дајте им предност на растителните чаеви.

Маркетинг

Сакате секс? Сакате мода? Рокенрол? А сеир?
Приклучете се на нашата Facebook страница и сето ова го добивате гратис!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button