Реклама
Наши ѕвезди

Со години ја немаше на сцената, помина низ пекол, но сега повторно се врати – Соња со ова сите ги изненади

Пејачката Соња Тарчуловска во ново руво

Реклама

Познатата македонска фолк-пејачка Соња Тарчуловска (46) по долги години реши повторно да се врати на музичката сцена.

Таа преработи една од своите стари песни, но со побрз и помодерен ритам, а ја најави и својата нова песна.

Станува збор за песната „Во бело“ за која сега Тарчуловска сними и модерен спот, а привлече внимание и со своите провокативни изданија.

Маркетинг

Инстаграм/ Соња Тарчуловска

Она што сите го забележаа е дека Соња о спотот изгледа речиси исто како и на почетокот од својата кариера, како воопшто да не се променила. Таа и по три бремености има ист број килограми и изгледа речиси идентично, па и во петтата деценија изгледа беспрекорно и плени со својот безвременски шарм каде и да се појави.

Маркетинг

Потсетуваме, Тарчуловска својата кариера ја започна во 1994 година, кога имаше само 15 години, а нејзиното прво ЦД беше насловено како „Весела девојка“. Пејачката е во брак со Јохан Тарчуловски, со кого поминаа низ пекол (види тука), а круна на нивната љубов се нивните три деца – ќерката Мелани, синот Младен и најмалата Јоана.

Инстаграм/ Соња Тарчуловска

Песната „Во бело“ е мојот животен јубилеј

„Јас успехот го градев и обезбедив со многу песни кои што до ден денес се пеат и слушаат, но една од нив е навистина  безвременска. Песната ‘Во бело’ е мојот животен јубилеј“, откри Соња во една пригода за Гламур магазин додавајќи дека токму оваа песна и донела поголем финансиски успех во нејзината музичка кариера и со неа започнале и нејзините настапи во САД и Австралија.

Инстаграм/ Фејсбук Тарчуловска

„Подоцна напишав и отпеав многу песни но ‘Во бело’ живее до ден денес и е мое милениче како енергетски магнет кој се пренесува од генерација до генерација“, изјави Соња тогаш за Гламур магазин.

Фотографија од промоцијата

Целото интервју со неа прочитајте го тука

Бонус видео

Тарчуловска снима мечка покрај патот

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button