Реклама
Култура[тор]

Со Глава Низ Ѕид ( ’04)

Реклама

Сценарио и режија:Fatih Akin

Улоги:Birol Unel,Sibel Kekilli,Catrin Streuback,Guven Kirac,Cem Akin Четвртиот целовечерен филм на ѓерманскиот режисер од турско потекло Fatih Akin го донесе неговиот најкомплетен филм, на моменти невоедначена, но моќна социјална драма со нагласен деструктивен контекст. Филмот и повеќе од заслужено ја освои Златната Мечка во Берлин 2004 и статуетките за најдобар филм и наградата  од публиката на доделувањето на европските филмски награди за истата година, пред носот на Pedro Almodovar (со филмот „Лошо Воспитување “). Самиот филм беше одлично примен, како од ѓерманската, така и од целокупната европска публика која се навикна од миксот од испресечени бруталности и моменти на нежност.

Маркетинг

Режисерот крајно вешто и сигурно од првите моменти не вовлекува во животот на главните ликови Cahit и Sibel, двајца социјални аутсајдери, друштвени маргиналци и емотивно незрели луѓе кои движејќи се несигурно по патот на грубиот живот, спасот и надежта  за подобра животна опција ќе ја најдат меѓусебе.Оваа љубовна приказна започнува со Cahit (Birol Unel), кој секојдневниот и апатичен живот го води во самоубиство на поприлично оригинален начин, возејќи ја колата директно во уличен ѕид, пробувајќи на тој начин да ги изедначи или сосема избриши остатоците во неговата меморија кои му се мешаат со сегашната реалност, а потикнати и од големите количини на алкохол и кокаин. Така завршува во болница, во психијатрискиот оддел за самоубијци, каде ја среќава Sibel (Sibel Kekilli), млада турчинка која е заробена во на патријахалните сваќања на нејзиното семејство и традицијата, која и оневозможува да го живее животот онака како што сака.Овде таа на Cahit му предлага брак од интерес, во кој планира да живеат среќно како цимери до моментот кога ќе решат да се разведат. Токму тогаш почнува вистинската драма. Но таквата состојба трае многу кратко, бидејќи силните чувства што ке почнат да ги обземат и двајцата, ќе го доведат Cahit до убиство од љубомора и повеќегодишна робија. Токму моментите кои следат ќе направат одреден дискурс на драмската фабула, пренесувајки го филмот од интригантна црнохуморна драма, во релативно предвидлива мело – драма, но и понатаму силно сугестивна и емоцијонална. Дејствието на филмот се пренесува од Хамбург во Истанбул, каде Sibel ќе биде соочена со низа непријатни моменти каде што ќе ја однесе нејзиното самодеструктивно расположение.

Маркетинг

Сепак Fatih Akin одлично го завршува филмот, прикажувајки ни ги сите етички избори со кои човек се соочува во животот и донесувањето на вистински морални одлуки, кои една личност треба да ги изведе во врска со себе и оние кои ги сака, без разлика колку и да се тешки последиците со кои мораме да се носиме. „Животот е она што ќе го направиш“ – ни порачува авторот со истоимената музичка тема на Zinoba која е одјава на филмот и дел од одличниот саундтрак. (На истата тема и наслов, може да дебатирате и разменувате искуства и мислења на интернет со грото од љубителите на филмов). Мора да се спомене одличната комбинација и премин од традиционална турска музика во приказната на филмот, кои режисерот прекрасно ги вкомпонирал, кој на крајно нестеореотипен начин и без сугестии го води филмот од почеток до крај, прикажувајќи ги културните и етнички разлики на двете средини.

Улогата на хеоината на филмот е доделена на Sibel Kekilli, бивша порно глумица, која не само што впечатливо го отелотворува својот карактер, туку како што вели Fatih Akin: „беше единствената од 350 девојки на аудицијата која имаше муда да ја превземе улогата на Birol Unel”.А тој е дефинитивно  големото глумечко откитие на филмот, актер кој лесно се трансформира, нов тип на Kurt Cobain,Jim Morisson,европски Marlon Brando – типови кои го слават поетското самоуништување, според зборовите на авторот  на филмот.

„Со Глава Низ Ѕид“(Gegen Die Wand) е филм кој пред неколку години можевме да го проследиме и во кино салите (додека се уште работеа и на редовниот репертоар можевме да видиме нешто вистински вредно), а оние кои не го гледале, а имаат таков романтично – нихилистички карактер, мораат под итно да го додадат во своето портфолио.

{youtube}mSyJwq3FSq8{/youtube}

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button