Откако ќе го прочитате текстов, ќе гледате на бананите во сосема ново светло. Тие содржат три природни шеќери – сахароза, фруктоза и гликоза во комбинација со влакна и се совршени за моментално зголемување на енергијата. Истражувањата имаат покажано дека консумирањето на само две банани дневно осигурува доволно енергија за напорен 90 минутен тренинг.
Меѓутоа, ова не е единствена предност на ова овошје. Бананите помагаат во спречувањето на голем број на болести и затоа треба да бидат вклучени во секојдневната исхрана.
Депресија
Според неодамнешното истражување спроведено на луѓе кои страдаат од депресија, многумина од нив се чувствуваат многу подобро откако ќе изедат банана. Тоа е затоа што бананата содржи триптофан, врста на белковини кои телото ги претвора во серотонин и кои помагаат да се релаксирате, бидете подобро расположени и се чувствувате среќни.
ПМС (Пред менструален синдром)
Заборавете на таблети – изедете банана. Витаминот Б6 го регулира нивото на гликоза во крвта кој што влијае на вашето расположение.
Анемија
Богата е со железо и може да го стимулира производството на хемоглобин во крвта и на тој начин помага при случаите на анемија.
Притисок
Ова е единственото тропско овошје, изразито богато со калиум, а содржи малку сол, што го прави совршено за регулација на крвниот притисок.
Мозокот
Истражувањата направени во Англија на над 200 студенти кои што јаделе банани за појадок, ручек и меѓуоброци, им помогнало во зајакнувањето на својот мозок. Истражувањата покажале дека калиумот од бананата помага при учењето затоа што ја подобрува концентрацијата.
Мамурлук
Еден од најбрзите начини на лечење на мамурлукот: банана милкшејк, засладен со мед. Бананата го смирува желудникот и со помош на медот го зголемува нивото на шеќер во крвта, додека млекото го смирува и повторно хидрира вашиот организам.
Стомачни киселини
Бананите ги неутрализираат киселините во телото и на тој начин доколку страдате од киселини во желудникот, обидете се да изедете банана за олеснување на симптомите.
Нерви
Бананата содржи високи количества на Б витамин кој помага во смирувањето на нервниот систем.
Значи, бананата е навистина природен лек за многу болести. Доколку ја споредувате со јаболкото, има четири пати повеќе белковини, два пати повеќе јаглени хидрати, три пати повеќе фосфор, пет пати повеќе витамин А и железо и дупло повеќе останати минерали и витамини.