Наши ѕвезди

Снимка со братот на музичарот што загина во Кочани – погледнете ги овие емоции, ќе се растажите

„Удри дете, удри нека ти стивне болката во градите“, пишува во еден од коментарите под видеото...

Advertisement

Оваа снимка ќе ве растажи, но и наежи во исто време…

Вечерва е втората концертна вечер од Струмица Опен Фестивал 2025, а едно видео од фестивалот никого не остави рамнодушен.

Advertisement

Имено, Димитар Ѓоргиев, братот на починатиот Џоко Ѓоргиев, младиот тапанар од Струмица кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ Кочани, заедно со уште 8 тапани ја затресоа Струмица.

Инстаграм

Видеото предизвика многу емоции кај сите, а многумина коментираа со емотивни зборови под видеото:

Advertisement

„Удри дете, удри нека ти стивне болката во градите“, „Боже, срцето ми пукна! Вечна му слава на Ѓорѓи и на сите деца што загинаа во пожарот во Кочани“, беа само некои од овие емотивни коментари.

Принтскрин/ ФБ, Струмичко

Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:

Инаку, во рамките на Струмица Опен Фестивал 2025, на 11 август од 22:00 часот, на сцената во Градскиот парк, настапи култниот бенд YU FOR YOU – со настап исполнет со емоции, сеќавања и музика.

Принтскрин/ ФБ, Струмичко

Оваа вечер беше посветена на нивниот поранешен член и пријател, Џоко Ѓоргиев, кој трагично го загубивме, но засекогаш остана дел од нивната и нашата музичка приказна. 💔

Придружете ни се на концерт што ќе ги допре срцата – за Џоко, за музиката, за спомените, пишува во објавата пред вчерашниот настап.

Принтскрин/ ФБ, Струмичко

Потсетуваме, во страшната несреќа што се случи на 16 март во дискотеката во Кочани загинаа 62 лица.

Инстаграм

Меѓу загинатите се и осум членови од тимот на групата ДНК меѓу кои и младиот тапанар Џоко од Струмица.

Неговиот помлад брат Димитар тогаш со потресни зборови се збогуваше од него на социјалните мрежи.

Инстаграм

„Окце мое, ќе ми недостигаш многу. Многу те сакам“, напиша тогаш Димитар врз заедничка фотографија со својот брат.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button