CelebrityНаши ѕвезди

Снеже Велков во шокантно издание – нечешлана, пижамосана, ама фит како никогаш! (фото)

Advertisement

Водителката Снеже Велков веќе со години негува здрав начин на живот, се храни урамнотежено, редовно вежба и со задоволство ги споделува своите навики со своите следбеници на социјалните мрежи. И покрај густата агенда и бројните професионални ангажмани, Снеже секогаш наоѓа време за утринска физичка активност.

Едно такво утро, Снеже одлучи да го сподели денес на својот Инстаграм, директно од својот топол дом, придружено со доза на духовитост:

Advertisement

-Неисчеслана, во пижами, ама активна! – напиша Велков.

Снеже Велков на своите социјални мрежи постојано зборува искрено и директно за предизвиците со кои се соочуваат сите кои се обидуваат да воведат рутина на вежбање. Таа отворено укажува дека најголемата битка не е со телото, туку со умот, како и дека вистинската мотивација не доаѓа однадвор.

Според неа, не постои надворешен фактор што може навистина да те натера да истраеш, ниту пријатели кои те влечат со себе на тренинг, ниту теретана што ти е на два чекори од дома, ниту нова справа или скап тренер.

Advertisement

Снеже постојано нагласува дека клучот е во тебе – во твојата волја, одлука и дисциплина. Таа потсетува дека секој ќе се соочи со моменти кога ќе му биде тешко, кога ќе нема енергија, кога ќе чувствува болка или кога ќе се прашува зошто резултатите не се појавуваат веднаш. Но токму тогаш, според неа, на сцена стапува внатрешната инспирација – онаа тивка, но моќна сила која те тера да продолжиш, без оглед на сè.

Преку својот реален пристап и личен пример, Снеже Велков постојано потсетува дека вежбањето не треба да биде тренд или обврска, туку начин на живот. Таа промовира став дека самодовербата, енергијата и успехот не доаѓаат од надворешни извори, туку започнуваат одвнатре, од нас самите.

Снеже Велков – Инстаграм фото: Принтскрин

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button