Наши ѕвездиНовости

Снаата на Брена се породи во најскапата болница – фолкерката за луксузот плати неверојатна сума

Прва фотографија на Пријовиќ со бебето од најлуксузната болница на Балканот -

Advertisement

Нејзиниот профил на социјалните мрежи е преплавен од честитки од колегите, пријателите и обожавателите.

Веста дека познатата пејачка Александра Пријовиќ се породи ги израдува нејзините бројни обожаватели.

Advertisement

Таа се огласи и од болницата и ја сподели првата фотографија со бебенцето, на која мама си ја држи ќеркичката за раче.

Инстаграм/ Александра Пријовиќ

Нејзината наследничка Ариа се роди на 3 септември, а фотографијата што ја сподели никого не остави рамнодушен.

Advertisement

Следуваа бројни честитки од нејзините пријатели, колеги и обожаватели и сите посакуваат многу љубов, среќа и здравје како за мама, така и за приновата во семејството на попопуларната пејачка.

Инстаграм/ Александра Пријовиќ

Следува нова етапа во нејзиниот живот, а сопругот Филип и нивниот син Александар со радост го дочекаа бебенцето.

Како што пренесуваат медиумите, пејачката се породила во приватна болница, а на социјалните мрежи се огласи и мајката на Александра, Борка Михајловиќ, горда што си доби внукичка.

Инстаграм/ Александра Пријовиќ

Од нејзината објава може да го видиме и точното време кога се породила Прија, но и дека Ариа тежи 3 килограми.

„Добро ни дојде мала Ариа“, напиша Борка.

Инстаграм/ Александра Пријовиќ

Инаку, Александра се породила во една од најскапите болници на Балканот за која, како што пренесуваат медиумите, издвоила повеќе од 3000 евра, односно околу 200.000 денари, пишува „Информер“.

Инстаграм/ Александра Пријовиќ

Во оваа цена е вклучено и присуството на најдобриот анестезиолог, како и најдобриот медицински персонал.

Инстаграм/ Александра Пријовиќ

Станува збор за комплетен пакет на медицинска нега, од луксузен апартман до стручен тим на доктори, пишува овој портал.

Инстаграм/ Александра Пријовиќ

Потсетуваме, Пријовиќ пред шест години се оствари во улога на мајка кога со Филип Живојиновиќ го добија синот Александар.

Таа отсекогаш сакала второто дете да и биде девојче, а тоа во една пригода во емисијата „Цеца шоу“ и отворено го призна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button