Зелениот чај го стимулира нервниот систем и го забрзува согорувањето на маснотиите и на тој начин помага да ја истенчите половината и да го изгубите вишокот килограми.
Ова интересно смути со зелен чај има одличен вкус, а притоа е многу делотворно – помага да се забрза метаболизмот и организмот забрзано да троши калории, а резултатите ќе ги забележите на вагата за многу кратко време!
За разлика од чајот кој нема да ве засити, богатиот вкус на ова смути може да ви замени еден цел оброк, најдобро појадокот, и да ви помогне да бидете поздрави и повитки.
ПОТРЕБНИ НАМИРНИЦИ:
– 3/4 шолја јак зелен чај, разладен
– 1/8 чајна лажичка кајен пиперка
– сок од еден лимон (2-3 големи лажици)
– 2 чајни лажици агава сируп
– 1 мала крушка, со лушпа, исечена на парчиња
– 2 лажици јогурт со ниска масленост
– 6-8 коцки мраз
Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека не добиете воедначена смеса. Се пие разладено.