Семето од чиа претставува одличен извор на протеини, омега 3 масни киселини и антиоксиданси, а исто така е богато и со витамин Ц и влакна.
Овој пијалак е одличен за прочистување на организмот, а за да го направите ви се потребни само 4 состојки и многу малку време. Се препорачува да го пиете наутро или како меѓуоброк, посебно ако поминувате процес на детоксикација на организмот. Семето од чиа во комбинација со бобинки и калинка ќе ве снабди со многу енергија и ќе го раздвижи вашиот метаболизам, што ќе придонесе за побрзо трошење на калориите во текот на денот. Пијалакот содржи многу малку калории, а многу заситува така што нема да чувствувате глад.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
– 1 шолја смрзнати бобинки (боровинки, капини, рибизли, малини и сл.)
– 1/2 шолја сок од шипка или калинка без шеќер
– 1/2 шолја вода
– 1/2 лажица семе од чиа
Измешајте ги сите состојки освен семето од чиа во блендер за да добиете воедначена смеса. Посипете го семето од чиа врз напитокот.
Една порција вакво смути (354,5 g) содржи 223 калории, од кои 5.3 g масти, 41.3 g јаглехидрати, 10.2 g влакна, 27.6 g шеќер и 4.1 g протеини.