Постапка:
Ставете ги во блендер млекото од бадеми, минералните капки и стевијата. Додадете ги бадемите, овошјето, маката и протеинскиот прашок. Убаво измиксајте ги сите состојки и потоа добиениот пијалок ставете го во чаша.
Вака подготвеното смути треба да се пие наутро, на празен стомак.
Совети:
Ако не можете да најдете некои намирници од листата, не очајувајте! Бадемовото млеко може да се замени со обично кравјо (или оризово, соино и сл. по ваш избор), а истото важи и за стевијата и протеинскиот прашок – можете да ги замените со слични намирници (на пример стевијата со друг природен засладувач, а протеинскиот прашок со сурутка во прав) или едноставно да ги прескокнете. Минералните капки можат да се купат и кај нас, но исто така можете и да ги изоставите. Што се однесува до овошјето, ние би ве посоветувале наместо замрзнато да користите свежо овошје (на пример банана), а доколку во моментот немате ниту замрзнато ниту свежо шумско овошје, тогаш можете да додадете една мала лажичка мармалад или слатко од шумско овошје (по можност без шеќер).