Смути за здрав почеток на денот: Многу користи од само неколку состојки
Ова смути ќе ви ги даде сите хранливи материи за денот да ви започне полн со енергија.
Потребни состојки за две лица:
- 3 киви
- 1 банана
- две чаши спанаќ
- 50 грама овесни снегулки
- чаша млеко по избор (најдобро бадемово или кокосово)
- јогурт 250 грама
Начин на подготовка: Во блендер најпрво ставете го млекото, овесните снегулки и спанаќот, па мешајте добро додека не добиете изедначена смеса. Потоа додајте го јогуртот и овошјето и мешајте додека смесата не стане компактна. Пијте го веднаш за состојките да не ги изгубат своите вредности со стоењето. Уживајте во здравото и вкусно смути, со кое ќе ги задоволите сите ваши дневни потреби за витамини и минерали.
Совет плус: Секогаш во вашиот дом имајте свежо овошје и зеленчук. Потрудете се истото веднаш да го измиете и да го ставите во сад, па потоа веднаш во фрижидер. На овој начин никогаш нема да губите време, ниту пак ќе ве мрзи да си подготвувате смути, туку веднаш ќе почнете со блендирање.