LIFESTYLEВести

Смртта на основачот на Mango се истражува како убиство – главен осомничен е неговиот син

Тензијата меѓу таткото и синот се зголемила непосредно пред трагедијата.

Advertisement

Исак Андик, основачот на модниот бренд Манго (Mango), кој почина минатата година по пад од голема височина во планините близу Барселона, сега повторно е во центарот на вниманието.

Новите информации откриваат дека неговата смрт се истражува како намерно убиство, а главен осомничен е неговиот син, Џонатан Андик, пренесува шпанскиот весник El País.

Advertisement

Во декември 2024 година, 71-годишниот бизнисмен заминал на планинарење на планината Монсерат. Според тогашните извештаи, тој „се лизнал и паднал во длабока бездна“, а случајот бил затворен како несреќен случај.

Меѓутоа, неговиот син Џонатан бил единствениот сведок. Тој изјавил дека одел пред татко му и не видел што точно се случило.

Подоцна, според новите сведочења, истражителите забележале дека неговата изјава била „неконзистентна“, што предизвикало сомнежи.

Advertisement

Партнерката на Исак, Естефанија Кнут, дополнително изјавила дека таткото и синот подолго време имале нарушени односи.

Иако засега нема цврсти докази дека Џонатан е виновен, El País наведува дека постојат неколку индиректни траги кои го натерале истражниот тим да ја отфрли верзијата за несреќа и да ја разгледува смртта како убиство.

Според радио Cadena SER, тензијата меѓу таткото и синот се зголемила непосредно пред трагедијата, за време на Божиќната прослава во компанијата, Исак јавно изјавил дека контролата над Mango ја пренесува на извршниот директор, а не на својот син.

Дополнително, наговестил дека Џонатан не се покажал добро во раководењето со фирмата, по што синот го напуштил настанот.

Семејството на Андик денес излезе со кратко соопштение:

„Не даваме коментари во врска со истрагата. Почитуваме сè што преземаат надлежните органи и ќе продолжиме да соработуваме со нив. Убедени сме дека овој процес наскоро ќе заврши и дека невиноста на Џонатан Андик ќе биде докажана.“

По смртта на Исак, Џонатан беше именуван за потпретседател на управниот одбор на Mango и претседател на холдингот MNG, додека неговите сестри добија свои високи позиции во компанијата.

Во моментот на неговата смрт, богатството на Исак Андик се проценуваше на 4,5 милијарди долари.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button