Реклама
Шминка

Како да направите совршени црвени усни и „зачадени“ очи за Денот на вљубените

Реклама

Празниците и прославите се одлична пригода да внесете промени во вашиот изглед, во изборот на облеката, фризурата или шминката.

Пред нас е 14 февруари, Денот на вљубените или на винарите (кој како го доживува, нели?), за кој ви предлагаме интересна впечатлива шминка со која ќе ја разбиете секојдневната монотонија и ќе се чувствувате навистина привлечно и посебно.

Маркетинг

Црвената боја е неизбежна за Денот на вљубените. Без разлика дали ќе облечете нешто црвено или не, на усните можете да ставите впечатлив црвен кармин кој ќе придонесе за свечен и софистициран изглед. Црвените усни можете да ги комбинирате со заводливи зачадени очи. Неколку професионални совети како да го изведете ова, како и практични совети како црвениот кармин да ви остане на усните цела вечер ќе ви даде модната блогерка Мери Поповска од makedonskimodenblog.com.

Следете ги нејзините инструкции и ќе добиете впечатлива и заводлива шминка која ќе ја истакне вашата убавина и ќе придонесе да се чувствувате неповторливо за Денот на вљубените.

Маркетинг

 SMOKEY EYES 

{youtube}pmwwrQuuAgo{/youtube}

 ПРВ ЧЕКОР 

Направете подраматична и погламурозна шминка од вообичаената со црвени усни и зачадени очи направени со помош на ајлајнер. На почетокот нанесете течна пудра и потполнете ги веѓите. Можете да употребите течна пудра SEVENTEEN MATT PLUS Liguid Foundation која е идеална за комбинирана и мрсна кожа.

SEVENTEEN MATT PLUS Liguid Foundation

Станува збор за мат пудра со која можете да креирате совршена основа за долготраен, мат изглед на вашата кожа. Оваа пудра без парабени и масла, со СПФ 20, трае навистина долго на лицето и не се размачкува, па поради тоа не мора да користите камена пудра или пудра во прав.

 ВТОР ЧЕКОР 

Иако камената пудра ја скокнавме како чекор претходно, сепак ќе нанесеме само на очните капаци со цел ајлајнерот да остане подолго на очите. Можете да користите течен ајлајнер или во фрома на моливче.

Во овој случај ги употребивме и двата. Најпрво со течен ајлајнер нацртајте долга линија почнувајќи од третата третина на окото и продолжувајќи косо нанадвор од него. Кога ќе ја направите посакуваната линија со истиот ајлајнер ќе нацртате линија која ја следи природната линија на очниот капак се до неговата половина. Двете црти ги спојувате со агол и кој се потполнува со црна боја. Со четка по ваш избор потполнете ја црната боја кон внатрешноста на очниот капак. Двете црти ги спојувате во агол и се потполнува со црна боја.

The Stylist

Со четка по ваш избор засенчајте ја црната боја кон внатрешноста на очниот капак. Постепено додавајќи црно моливче водете ја црната боја се повнатрешно воедно користејќи и четка со која засенчувате.

По избор можете да користите и црна сенка или сива сенка.

Со цел двете очи да добијат иста форма употребете ја чистата страна од влажнот  марамче кое го искористивте за претходното око. На крајот нанесете бела сенка на почетокот од окото, внимателно спојувајќи ја со останатиот нашминкан дел со цел да не се изгуби ефектот на зачадени очи и комплетирајте со маскара – SEVENTEEN The Stylist. Ако сакате да дознаете повеќе за контурирањето, можете да го погледнете претходното видео. Сега со помош на истата техника и мат руменилото од SEVENTEEN се засенчува лицето за подефиниран изглед.

 СОВРШЕНИ ЦРВЕНИ УСНИ 

И за крај црвени усни кои ги правиме со кармин кој трае толку долго што со него можете да преспиете и тој повторно ќе биде ист.

Најпрво со добро наострено црвено моливче со нијанса слична на онаа на карминот ги пополнувате усните следејќи ја природната линија, а потоа пополнувате со долготрајниот кармин All Day Lip Color од SEVENTEEN и тоа најпрво со мат страната каде се наоѓа карминот, а потоа со делот Top Glos.

ДОДЕЛУВАМЕ ПОДАРОK

Доколку сакате да ги добиете како подарок производите кои се користени за шминката во ова видео, споделете го текстот на вашиот ѕид, станете пријатели со Seventeen (кликнете тука за нивната Фејсбук страна) и на нашата официјална страна на фејсбук (види тука) напишете некоја интересна реченица поврзана со љубовта.

Коментарот кој ќе има најмногу лајкови, ќе го освои подарокот кој ќе го доделиме во 12 часот на Денот на вљубените.

Kликни тука и погледни го видеото, а за подарокот кликнете тука
или на сликата погоре »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button