Преубавите шминки на Амбер Херд и нејзиниот смел невестински изглед
Секоја која може да се нарече себе си „другата половина“ на Џони Деп веќе има големо признание од нашиот табор, особено што тие и официјално се венчаа неодамна!
Но, кога ќе се искомбинира тоа со беспрекорната убавината, како и со изострениот вкус за мода, тогаш гледаме во една сериозно успешна дама.
Амбер направи вистински бум со нејзиниот изглед на русокоса бомба, потоа го замени тој изглед со малку потемни кадри, а сега е повторно малку посветла – но без разлика кон која нијансата се стреми, таа речиси секогаш ’носи’ и соодветно храбри усни. Иако е голем фан на класичната црвена боја, таа експериментира и со розова, портокалова и темно црвена, па затоа се обложуваме дека тоа била една од овие светли нијанси што ја избрала за нејзиниот голем ден. Избравме некои од нејзините најсмели усни досега, па, без сомнение, мислиме дека овој ќе беше нејзин најдобар избор за невестински изглед.
Па, зарем не е прекрасна во секое издание?