Во пресрет на претстојните божиќни празници, козметичката линија на модната куќа Ив Сен Лоран ја најави својата нова линија на шминка наречена KISS & LOVE.
Доминантната боја на колекцијата е златната која асоцира на раскош и елеганција, во комбинација со неизбежната црвена боја, симболот на страста и моќта, а во овој контекст и на новогодижните и божиќните празници.
Во колекцијата ќе го најдете култниот хајлајтер во амбалажа во форма на златно моливче укасено со печати од бакнежи, која е апсолутно неодолива. Touche Éclat Collector Kiss & Love Edition (посебно издание за колекционерите на KISS & LOVE) совршено ги обликува контурите на лицето за магнетна привлечност. Нанесете го во точки под очите, од двете страни на носот, односно во пошироката Т –зона и убаво натапкајте го со врвовите на прстите.
Покрај ова, тука е и провокативното и единствено издание на култниот кармин Rouge Pоur Couture Collector Kiss & Love Edition кој доаѓа во четири нијанси кои ветуваат гламурозен изглед на вашите усни и прекрасно чувство на самодоверба со кое ќе се издвоите од средината.