Адријана Лима се појави на еден настан пред неколку дена насловен како „Ангелот на Викторија Сикрет, Адриана Лима, споделува слики во Викторија Сикрет на Денот на вљубените”.
Иако не знам сосема што значи тоа, сепак настанот ни приушти идеја за шминкање за Денот на вљубените. Мене ми се допаѓа и затоа – ајде да ја разгледаме оваа прекрасна шминка на очите одблиску!
Нејзините неверојатно убави очи што зрачат се опкружени со златна сенка, со светло розева блескава нијанса на внатрешните агли. Ох, а нејзините трепки се засилени со многу тенка линија од црно моливче за очи – не премногу за нејзините очи да изгледаат „зачадени“, туку доволно да се постигне пријателски изглед. А фактот дека нејзините усни се безбојни, прави да посакате да ги бакнете (ова важи за припадниците на посилниот пол, секако!). Мислам дека сите во „Викторија Сикрет“ мислат на сѐ што се однесува на шминкањето. Уште повеќе, ова е прилично едноставна шминка – ви треба само две сенки и едно моливче за очи за да успеете. Ако ова не е нешто што ќе ви донесе десетина рози, тогаш не знам што.
Добро, а сега кој ќе го копира овој изглед овој викенд?
Доколку сакате да прочитате уште еден интересен совет како да направите „зачадени“ очи за Денот на вљубените, но и да добиете подарок сет со шминки од Seventeen, кликнете тука.