Реклама
Шминка

Како да се нашминкате како Алекса Чанг

Реклама

Каналот на YouTube на Лиса Елдриџ е ризница од убави задоволства.

Како шминкерка на многу од најубавите лица во светот – здраво Кејт Винслет, Кира Најтли и Кара Деливињ – ова е дамата на која треба да ѝ се обратите ако сте во потрага по некоја инспирација за шминкање.

Маркетинг

Но, овој пат, Лиза навистина ја употребила сета сила за да создаде врвен туториал за шминкање да изгледате како Алекса Чанг, регрутирајќи многу специјален гостин: самата Чанг! Да, додека ја гледаме Лиза како ја изведува својата магија, Алекса неврзано говори за сè, од нејзината нова љубов за потемнување, до ловење на еден Французин. Оо, ла ла!  

Што се однесува до нејзиниот ајлајнер Алекса ја зема контролата в раце и ни покажува како таа го користи до совршенство. „Ова е едноставен и безвременски изглед, кој може да биде успешен за сите“, вели Лиса , “иако, како што вели Алекса, потребно е малку пракса, но откако ќе ја совладате, сѐ е толку лесно.“

Маркетинг

Еве уште некои тајни за убавина што ги научивме од Алекса време на 12:35 минути шминкерска забава…

Таа конечно прифаќа потемен тен

Кога Грација налета на Алекса за време на вечерата на Anya Hindmarch оваа недела, не можеле а да не забележат колку озарено таа зрачи – а сега знаеме зошто. „Ово е, всушност, моето прво ’сончање’“, открива таа. „Прилично добро се чувствувам во мојата кожа сиве овие години, но сега имам 30 години, па тоа е тоа. Моето време за потемнување е дојдено.“

Целиот нејзин карактеристичен изглед потсетува на 60-тите

{youtube}D2D7RtPEVwI{/youtube}

„Навистина не го менувам изгледот екстремно. Мислам, ако сум на фото сесија и се обидуваме да играме со облеката, тогаш би можела да залутам, но општо земено, сакам крадам од Џејн Биркин и Франсоаз Харди. Само мислев дека шминката од ’60 многу го истакнува лицето… Како да е недовршена, но таа е, исто така, навистина женствена па не изгледа дека сте вложиле огромен напор, а сепак таа подеднакво го истакнува вистинскиот дел.“

Се бори со веѓите

„Навистина сакам да бидат поцврсти. Сите мои школски години ги поминав во кубење до заборав – знаете дека во 90-тите беше кул да се има веѓи како оние на Грета Гарбо од 30-тите? А сега се чувствувам како да страдале од тоа прекумерно кубење така што би можеле да изгледаат повлакнести.“ Сугестија на Лиса? Серуми за веѓи. „Татко ми буквално има веѓи-гасениците па имам доверба дека тоа ќе важи и за мене“, вели Алекса, „Ќе бидам како Фрида Кало до 2015 година. Погледнете го овој простор…

Совети на Лиза како да изгледате како Алекса

1. Лиза почнува со основа (на Шанел), потоа применува коректор (производ кој е секогаш во чантата на Алекса е), изведувајќи магија врз спорното (но мало) место.

2. Таа потоа користи сенка за очи во кафена и чоколадна боја, производ кој Алекса го дефинира како „минимален напор, максимален ефект“ за суптилно да ги дефинира нејзините очи.

3. Кога доаѓа ред за liner, Лиса ја замолува Алекса да го направи тоа самата. „Навистина сакав Алекса лично да го употреби овој елемент бидејќи сите ме виделе како јас го правам тоа милион пати, но гледајќи ја Алекса навистина можете да ги сфатите аглите и техниката, па ќе знаете точно како и вие да го употребите liner-от на самите вас.“

4. За да го заврши изгледот, Лиза применува маскара, пудра (Rimmel) и навлажнувачки безбоен кармин.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button