Реклама
Хороскоп

Хороскоп што не го знаете – смешната страна на секој знак!

Реклама

ВАГА

Маркетинг

Толку се елегантни и фини што никој не ги поднесува. Вистинско биполарно пореметување на дело, Вагата не е во состојба да донесе решение. Ќе се советува со новинар или водич. Нивното интересирање за актуелните случувања завршува со најновото модно списание. Пеперутка машните се измислени за Вагите. Постојано се грижат што другите мислат за нив, но не се секираат за нив. Не јадат брза храна и никогаш лично не го фрлаат ѓубрето. Тоа е под нивното ниво. Претенциозни и горделиви, Вагите се најчестиот холивудски знак.

Маркетинг

ШКОРПИЈА

Родените во знакот на Шкорпија рано почнуваат да се занимаваат со компјутери, само за да можат да се расфрлаат со специфичната терминологија, па не е за чудење фактот дека хакерите најчесто се родени во овој знак. Навистина се посебни. Шкорпиите  се едни од оние личности кои се во состојба да запалат цигара додека се тушираат. Својата животна филозофија ја објаснуваат преку пцовки. Шкорпиите често мамат во игрите на среќа – едноставно им се може, ќе го хакираат системот. Тешко им е да сфатат дека Star Trek е фикција и дека тие не се лидери на Боргите. Според тоа, не е чудно што Ноќта на вештерките паѓа во периодот на Шкорпијата. Единствено тогаш може да се маскираат во Doctor Who, а да не бидат уапсени поради пореметување на јавниот ред и мир.

СТРЕЛЕЦ

Стрелците се родени авантуристи. Убиваат пајаци со голи раце и немаат проблем среде ноќ, во темница, да одат во тоалет. Побрзо ќе прифатат сериозни повреди, отколку да направат нешто на полесен начин. Сакаат да бидат забавувачи, било за својата фамилија и пријателите, било за потполни незнаници. Затоа, често се и трансродни личности. Гласни се и без проблем може да го навредат соговорникот. Животните и малите деца ги сакаат Стрелците особено, додека возрасните апсолутно не ги поднесуваат. Еден совет за неговите партнерки – никогаш не запознавајте го Стрелецот со родителите.

ЈАРЕЦ

Тие се вредни, сигурни и ужасно досадни. Добри се во математика, што има врска со тоа што се најголемите досади од сите знаци. Повеќето политичари се, всушност, Јарци. На некој начин, се наоѓаат помеѓу Лавот и Девицата, мислејќи дека тоа ги прави харизматични, но, всушност, не сфаќаат дека тоа и не им е некој комплимент. Способни се и во сличај на нуклеарна катастрофа, животот на Земјата би го продолжиле само бубашвабите и Јарците. Немаат пријатели, а од модата излегле одамна. И, да се знае, најголем број фалсификатори биле Јарци!

ВОДОЛИЈА

Водолиите сакаат забава. Секогаш и секаде, е нивното мото. По малку се носталгични за 60-тите, бидејќи тогаш можеле да шетаат голи без да бидат приведени. Многу сакаат да бидат голи. Уште поубаво – голи и пијани. Забавни се, бидејќи влијаат на луѓето. Може да си ги дозволат сите пороци и нема ни да размислуваат за тоа. Сè се може, еднаш се живее. Токму поради тоа ја нервираат околината, а сметаат дека имаат космичко право на тоа. Повеќето рок звезди се Водолии. И злобни се. Веруваат дури и дека може да одат по вода, доколку повеќе се потрудат.

 

РИБИ

Било каде и да одат, ги следи смеа. Не затоа што се духовити, туку затоа што се смешни. Личностите родени во овој знак се збунети со целата идеја за секс. Немаат никаква ориентација во просторот и подобро избегнувајте со прашањата што каде се наоѓа. Ќе ве насочат километри подалеку во спротивна насока. Најчесто умираат од паѓање низ прозор или прегазување од камион. Додека Лавовите тежнеат кон сопственото истакнување и привлекување внимание за да станат познати, Рибите сакаат тоа да се случи сосема случанјо. Тврдат дека сакаат искрена критика, меѓутоа ако кажете дека нивната работа не ви се допаѓа, во состојба се пред вас да изведат хари-кири. Никогаш во расправијата со Рибите повикувајте се на логиката. Тие живеат во Нарнија. Плачат над мртвите тела на животни крај патот, но немаат проблем со кола да ги прегазат неистомислениците. Раковите кажуваат едно, а прават друго; Шкорпиите кажуваат едно и тоа од чист инает; Рибите секако ќе речат премногу и ќе направат она што го сакаат во тој миг.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2

Поврзано

Back to top button