Замислете ситуација каде што сите хороскопски знаци патуваат заедно на летување. Вака би требало да изгледа тоа, имајќи ги на ум нивните особини.
![](/wp-content/uploads/2019/08/odmor.jpg)
Кога тргнуваат, Овенот се нервира зашто автомобилот не оди брзо, а Девицата се нервира поради трошките кои се појавиле откако Скорпијата скришно изела сендвич, за некој да не бара да сподели со неа. Стрелецот ги става наочарите за сонце и ги дига нозете на предното седиште, поради што Ракот се растажува. Близнаците веќе го променуваат својот статус на Фејсбук: „Тргнавме“, „Супер ни е“… Вагата внимава да не си ја извлакна облеката и го моли Бикот (кој јаде чоколадо) да се тргне од неа. Лавот им мава низ прозорецот на сите кои поминуваат, затоа што мисли дека сите гледаат во него, а Јарецот ги пребројува парите и пресметува колку може да потроши во еден ден. Водолијата ја испробува маската за нуркање, а Рибата спие.
Кога се на плажа, Близнаците уште веднаш објавуваат нова фотографија на Фејсбук или Инстаграм. На сликата се наоѓа Девицата која носи модерен шешир и во раката држи крем за сончање со фактор 50. Ракот е замотан во крпа со ликови од цртаните филмови. Вагата има костим за капање во вредност од половина автомобил. Лавот ја покажува совршената фигура, а Рибата размислува за смислата на животот. Стрелците ги забавуваат другите, а Скорпијата мрази да ја означуваат на социјалните мрежи. Јарците имаат три книги под раката, а Бикот ужива во сладоледи. Овните ги нема на фотографиите, затоа што отпливале 200 метра…