CelebrityНаши ѕвезди

Слушнете го македонското чудо – Нела со ангелски глас ги освои срцата на Европа (видео)

Advertisement

Македонската претставничка Нела Манческа повторно го привлече вниманието на евровизиската публика. Со својот сигурен настап, моќен вокал и впечатлив сценски изглед, младата талентирана пејачка полека ги освојува симпатиите на фановите ширум Европа пред големото финале на Јуниорската Евровизија во Тбилиси.

Денес беше објавено видео од нејзината проба, на кое се гледа дека Нела е подготвена за големата сцена, самоуверена, вокално стабилна и визуелно впечатлива. Нејзиниот настап ветува силна енергија и професионален пристап, иако има само неколку години.

Advertisement

Големото финале ќе се одржи во сабота, а на сцената ќе настапат млади таленти од вкупно 18 земји. Гласовите од публиката и жирито ќе бидат претворени во поени што ќе ги одредат крајните резултати.

Во продолжение, погледнете како изгледа и звучи Нела на пробата и зошто многумина веќе ја сметаат за едно од поимпресивните изненадувања годинава:

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button