Реклама
Престиж

SLR McLAREN ROADSTER – подобро е без кров

Реклама

Зошто било кој на светот би сакал SLR без покрив ?! Но, очигледно постојат и такви манијаци. А Mercedes отсекогаш сакал да им угоди на своите сиромашни муштерии.

Маркетинг

Дури 1 000 парчиња на SLR Mercedes Roadster беа рачно сложени во фабриката во Англија и потоа предадени во рацете на оние кои сакаа да возат SLR без кров. А на нивна радост, SLR не загуби ништо друго. Supercharger V8 моторот, со 617 КС остана на својата предна позиција, заедно со максималната брзина од 330 km/h. Кровот може да остане долу и при такви брзини, но на потенцијалните совозачи и ’гости‘ на домаќинот им советуваме при возењето да си ја фатат косата во репче, доколку не сакаат да се наголтаат влакна.

Ултимативните возни својства останаа, прекрасниот издувен состав од страна остана, како што остана и неможноста да се исклучи асистенцијата за возење. Шлеперскиот момент на вртење е овде, бидејќи повеќето сопственици би го уништиле погонот на третиот свиок, па затоа таквата претпазливост на инженерите на Mercedes не зачудува.

Маркетинг

SLR Roadster не би бил Mercedes доколку не донесеше и некоја техничка иновација – а овој пат тоа е материјалот за покривот. На алуминиумските носачи е монтиран покров од карбонски влакна кој за 10 секунди се спрема во задните одаи – но дури откако рачно ќе го подигнете од ветробранот. Некој би рекол дека за 600 000 евра на улица до регистрација, можеле и да го автоматизираат процесот, но што да се прави – Mercedes секогаш мора да биде посебен. 

alt

alt

alt

Излезе новиот број на Шопинг Магазин. Разлистајте го на shoppingmagazine.mk
или на FACEBOOK преку нашата WELCOME + MAGAZINE страна.

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

препорака
Close
Back to top button