Слободна и секогаш искрена – тоа е жената Лавица!

Жената Лавица во љубовта вложува многу и спремна е својот партнер да го стави во центарот на вниманието, додека таа се чувствува слободно во нивната врска.

Со неа секогаш знаете на што сте, а кога ќе се заљуби – нејзиниот свет почнува да се врти околу нејзиниот партнер. Често се вели дека Лавовите се себични, но овие жени често ја покажуваат и ја докажуваат својата љубов. Тие се топли и страствени жени, подготвени да се борат, да водат љубов и да поминат денови во прегратки, но само доколку нивната слобода не е загрозена.

ADVERTISEMENT

Кога е во прашање сексуалноста, жената Лав е една од најслободните жени во Зодијакот. Таа го сака своето тело, своите движења и не дозволува вишокот килограми да го спречат нејзиното уживање во сексот. Не постојат работи кои ќе направат Лавиците да се чувствуваат несигурно или загрозено. Тие сексот го разбираат како природен дел од животот и најчесто се самоуверени со бујна фантазија.

Со неа секогаш ќе знаете на што сте, дали ве сака или не. Не постојат многу филозофии и мора да ѝ верувате целосно, зашто нејзиното големо и топло срце никогаш не би го изневерил оној кој таа го сака. Жените Лавици сакаат да бидат третирани добро. Може да се каже дека имаат големи барања, но во суштина тоа зависи од окружувањето и начинот на кој е воспитана.

Facebook Comments
(Visited 31 times, 1 visits today)