Реклама
MAMAРецепти

Дали некогаш сте пробале слатко од лимон? Најегзотичниот вкус кој ќе го обожавате! (Рецепт)

Реклама

Ќе уживате во секој залак…

Потребни состојки:

  • 1,100 грама лимони
  • 1,5 килограм шеќер
  • 2 лажички (10 грама) винска киселина
  • 2 литри вода

Начин на подготовка: Изрендајте ги корите од лимон. Овошјето прободете го на неколку места со подебела игла и ставете да се вари во три води, а самото варење треба да трае 4 минути (секое варење е во нова и студена вода). Направете умерено густ шербет. Насечете го изладеното овошје на парчиња и ставете го во шербетот, заедно со наренданата кора. Слаткото ставете го да се вари додека не омекне лимунот, а шербетот не згусне. На крајот додајте ја винската киселина во врелата вода и варете уште 2-3 минути. Така подготвеното слатко ставете го во друг чист сад и оставете го да постои 5-6 часа. Ставете го во стерилизирани тагли и чувајте го на темно место.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button