Реклама
Рецепти

Слатки и летни десерти од праски

Реклама

„Ароматичните и сочните праски се најдобри кога се во прашање летните десерти, а неколку трикови научени од врвните мајстори во кујната секое јадење го претвараат во посластица.“

Праските се особено погодни за овошни салати – во комбинација со еден вид на овошје како што се малините на пр., или пак во комбинација со повеќе видови на овошје.

Доколку пак праските ги оставите во благ шеќерен шируп, можете да ги послужите жешки со сладолед, а изладени со пудинг или слатки. Тие се убави и во солени јадења, на пр, во пире со или без месо. Свежи праски, компот и мермелад од праски можете да ги искористите за декор на слатките или сладоледот.

Маркетинг

Месото од праските потемнува кога е изложено на воздух, па затоа по режењето тие треба да се изедат. Доколку сакате да го спречите потемнувањето тоа можете да го направите така што резанцата ќе ги потопете во сок од лимон или ананас. Праските зреат и откако ќе се наберат, но без да се качува нивото на шеќер во нив. Рано набраните плодови ќе дозреат дома доколку ги ставите во хартиени ќесиња, со што ќе го одржувате потребното количество на влага.

Доколку пак сакате да ги сочувате праските за во зимо, тогаш од нив направите компот, желе, умак, ликер, или едноставно нарежете ги и оставете ги да се исушат на сонце!

Маркетинг

Мармалад од кокос, праски и малини

Состојки: По 500 г малини и праски, 5 лажички кокос, 6 лажици ликер од кокос, 500 г шеќер

Подготовка: Праските излупете ги и изрежете ги. Измешајте ги со малините и кокосовите пахуљице, ликерот и шеќерот и оставете ги така два часа. Потоа варете ги 4 минути и внесете ги во стелизирани стаклени тегли.

Пита од праски

Состојки: 250 г брашно, 120 г маслац, 70 г шеќер, 3 жолчки, 1 лажичка вино, 5 јајца, 100 г шеќер, 120 г мелени бадеми, лимун, 400 г праски

Во голема здела ставете брашно. Потоа додајте шеќер и маслац и добро измешајте. Потоа ставете вино и жолчките и добро го измесете тестото. Потребно е да отстои саат време. Наместете го калапот за печење и посипете го со брашно. Ставете го тестото и печете го на 160 степени околу 15 минути. Потоа измешајте јајца, шеќер, лимуновата кора и мелеите бадеми. На тестото ставете ги половината праски па посипете ги со кремот од мелените бадеми. Потоа печете го ова уште 35 минути!

alt

alt

alt

alt

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button