CelebrityНаши ѕвезди

Слаткар открива – „Еден човек ме натера да си го сменам животот“

Advertisement

Македонскиот рапер Слаткар откри дека во последната година направил целосна животна промена, а за тоа најмногу е заслужен неговиот долгогодишен пријател и колега – Тони Зен.

Во интервју за емисијата „Бекстејџ“, Слаткар со насмевка призна дека конечно почнал да го слуша Зен, кој постојано го советувал да се движи повеќе и да не ја губи енергијата во мрзеливост.

Advertisement

„Ме советува да си ја затворам устата и да не сум мрзлив кога ме мрзи да станам – туку да станам и да одам на тренинг. Последнава година, кога ќе ми каже: ‘Брат, да ти дадам еден совет’, му велам: ‘Чекај брат, не ми збори’. Главно, ќе почнам да го слушам. Јас штом сум излегол да пешачам, знам дека сум на супер пат“, откри музичарот.

Промената не е само во зборови. Пред неколку недели Слаткар објави снимка на Инстаграм додека вежба на статичен велосипед – доказ дека е навистина посветен на новиот начин на живот.

Тони Зен и Слаткар наскоро ќе ги обединат и професионално: на 11 октомври ќе одржат заеднички концерт во Арената „Борис Трајковски“, со кој ќе ја заокружат својата 20-годишна дружба и соработка.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button