MAMAДом и семејство

Сладоледот не е играчка, нутриционистка загрижува со факти – колку е навистина доволно за едно дете?

Слатко, кремасто, неодоливо... но дали детскиот желудник може да го издржи секојдневниот напад од шеќер и масти во форма на сладолед? Стручњаците велат дека е време да го срушиме митот за „само уште една топка“!

Advertisement

Кога температурите се качуваат, а асфалтот мириса на лето и целиот е вжештен, ниедно дете не може да одолее на шарената витрина со сладоледи. Но, иако многумина од нас, мислат дека „една топка не може да наштети“, реалноста е малку поинаква, и доста постудена.

Дипломираната диететичарка и нутриционистка Софија Кованова предупредува дека децата не треба да јадат повеќе од една голема топка или половина чаша сладолед дневно – и тоа само ако не јадат сладолед секој ден!

Advertisement

„Сладоледот содржи високо ниво на шеќери и заситени масти, оваа комбинација не е препорачлива за редовна употреба кај деца. Не само поради ризикот од вишок килограми, туку и поради влијанието врз шеќерот во крвта, хормоналниот баланс, па дури и врз расположението,“ вели Кованова.

фото анплаш

Со вакво прашање се занимаваат и нутирционисти во угледните Гардијан и Њујорк тајмс, а ова прашање е дел од поширока дебата: дали индустриските прехранбени навики кај децата стануваат нова тивка закана по здравјето на генерациите што доаѓаат? И дали родителите, заведени од маркетингот и лесната достапност, несвесно придонесуваат кон развој на зависност од шеќери уште од најрана возраст?

Алтернатива од кујната: сладолед без грижа на совест

Кованова предлага и една креативна, но вкусна алтернатива: замрзната банана, изблендирана со бобичесто овошје и малку слатка павлака – за оние кои сакаат да го добијат истиот кремаст ефект, но без преголемо оптоварување на шеќери и адитиви.

Advertisement

Во крајна линија, како што пишува и BBC Good Food, сладоледот не е непријател. Но кога станува дел од секојдневието – и кај деца и кај возрасни – станува потенцијален проблем. Клучот, како и секогаш, е во умереноста. Или како што би рекле Французите: „Un peu de tout, mais pas trop.„ (Од сè по малку, но не премногу).

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button