Викторија Бекам се ’колне‘ дека нејзината поранешна колешка од Спајсиците, Мел Си пред само некое време го пробала и се чувствувала неверојатно, исти е случајот и со Кели Брук која книгата со рецептите ја чува на полиците.
Ова всушност е диетата на Викторија за 2013-та година, која цели кон создавање на совршена рамнотежа на ПХ факторите во телото, со вредност помеѓу 7.35 и 7.45 која одлично влијае на дегестивниот систем.
Заедно со губењето на несаканите килограми, останатите бенефиции се поттикнување на имунитетот, зголемување на нивото на енергија и одржување на нивото на шеќер во крвта на нормално ниво. И додека во скоро сите диети се говори постојано за избегнување на млечните производи, месото, грицките и слично, никој ништо не вели за сладоледот.
А еве сега еден од рецептите на Викторија:
Сладолед од јагоди и кокос
Правењето сладолед воопшто не треба да биде сложена процедура. Се што ви е потребно е малку трпение, но овој рецепт е многу лесен и мал грст јагоди му дава толку вибрирачки вкус кој трае навистина долго.
Потребни состојки за четири порции:
250 гр. Јагоди
225 милилитри крем од кокос
125 милилитри сок од кокос
2 сок од агава
1 лажица прашок од ванила
½ иседен лимон
Начин на подготовка:
1. Исецкајте и потоа нежно изгмечете 50 гр. Јагоди и оставете ги настрана.
2. Ставете ги останатите состојки во блендер и мешајте ги додека не се добие еднаква смеса. Добиената смеса ставете ја во сад, заедно со изгмечените јагоди.
3. Финално добиената смеса ставете ја во плиток сад и оставете ја да замрзне.
Сé што ви ост6анува после е да уживате во прекрасниот сладолед.