Денес ќе ви преставиме шест рецепти како и што да направите со млада пченка …
Крем супа од млада пченка и тиква
Потребни состојки:
300 грама зрнца од пченка, 1 помала тиква, 1 л. пилешка основа. 200 мл, јогурт, 1 главица кромид, 2 лажички пченкарно брашно, 2 лажички пченично брашно, 1 лажичка мед, 2 лажички маслиново масло, сол и бибер
Подготовка
Варените зрнца пченка треба да ги пропржете на путер. Тиквата треба да биде испечена и да ја додадете пресечена на парчиња во пченката. Додадете пилешка основа, магданос, сол, црн бибер и оставете да се вари. Пред крајот на варењето додадете јогурт со брашно од пченка и продолжете со варењето. Кога супата ќе биде готова додадете ги крукчињата со кромид кои претходно сте ги пропржиле на масло.
Манештра од млад грав и блага пченка
½ кг млад грав, 2 парчиња пченка, 2 поголеми моркови, 1 помала главичка целер, 2 главици кромод, 1 главица лук, 2 дл варена и пасиран патлиџан, 20 дкг бела сланина за пешт (напомена – ова е за 4 лица)
Подготовка
Да се извадат зрнцата од пченката и да се стават во лонец заедно со гравот. Сиот коренест зеленчук и лук да се изблендира, и да се додаде во лонецот. Од сланина и лук направете пешта и заедно со пасираниот патлиџан ставете во лонецот. Варете на тивок оган отприлика два часа. Посолете и забиберете по желба.
Сладолед од млада пченка и малини
100 грама пченка, 1 чашка блага павлака, 2.5 дл млеко, 2 жолчки, 200 грама шеќер, ½ ванилин шеќер
Подготовка
Сварете ја пченката и блендирајте за да стане како крем. Сварете млеко, додадете слатка павлака и кремот од пченка, па оставете лесно да се вари додавајќи ги измиксаните жолчки со шеќер и ванила шеќер. Потоа изладете на собна температура, а потоа ставете во длабоко. Сервирајте со свежи малини.
Пченкарна проја
250 г пченкарно брашно, 1 пакетче квасец, 2 јајца, 50 г шеќер, 200 мл јогурт, 200 мл кисела павлака, 100 мл масло, 500 мл млеко
Подготовка
Во еден сад измешајте брашно и квасец. Во друг ставете ги јајцата и шеќерот, додадете јогурт, павлака, масло, топло млеко, сол, па брашното со квасецот и добро промешајте ја смесата. Ставете во претходно наместен тава за печење и печете во претходно загреана рерна на 200 степени половина час. Послужете со малку јогурт и свежо сирење.
Пченка печена на скара со зачинет путер
6 парчиња пченка, 150 г путер, една супена лажица целер, една супена лажица магданос, половина чајна лажица мелен црвен пипер, едно чешне, иситнет папар, сол
Подготовка
Промешајте го омекнатиот путер, лист целер, магданос, лук и црвен пипер. Пченката сварете ја во врела солена вода додека да омекне, а потоа премачкајте ја со масло и допечете ја на скара. Пред да послужите пченката премачкајте ја со зачинет путер.
Мини погачки од туна и пченка
1 конзерва туна од саламура, 2 јајца, главица кромид, 1 парче блага пченка, 4 лажички лебни трошки, 1 рака пченкарно брашно, 1 лажичка капар, 1 врзоп магданос, сол, папар, маслиново масло
За салатата:
3 поголеми моркови, корен целер, 2 раци лешници, сок од лимон, масло од сончоглед, сол
Подготовка
Со нож извадете ги зрната од пченката. Потоа кратко сварете ги во вода и исцедете ги. Со мателка сматете ги јајцата. Исечете ситно лук и додадете во јајцата. Исцедете ја туната, иситнете го со виљушка и додадете во смесата. Додадете и пченка, една лажичка од зачинот капар, иситнет магданос и лебните трошки. Секоја погачка ставете ја во пченкарно брашно и па испржете ги на маслиново масло додека не добие црвенеста боја. Исчистете и изрендајте морков. Очистете и нарендајте корен од целер. Исечкајте ги лешниците. Помешајте ги состојките и зачинете со сок од лимон и масло