Диети

Сладолед диета за брзо симнување на килограмите

Реклама
Реклама

Доколку сте љубител на овој летен десерт, диетата со сладолед звучи навистина феноменално, нели?

sladoleddieta1

Маркетинг

Е сега, на жалост ова не значи и дека можете да јадете колку што сакате од овој прекрасен деликатес. На жалост, оваа диета не е таква, но ви дозволува да јадете одредени количини на сладолед дневно, но не и да го правите тоа по цел ден.

Диетата со сладолед е диета од околу 1 250 калории која ви овозможува да јадете сладолед секој ден, константно да губите на тежина, но морате да обрнете внимание на количината на порцијата.

Жените на диета може да изедат една чинија сладолед дневно, а за мажите е дозволено (дури) една и половина чинија. Исто така се препорачува да јадете сладолед со ниско ниво на масти кој има 125 или помалку калории по оброк, односно во една порција. Затоа е неопходно да почнете да ги читате етикетите и сигурни сме дека ќе бидете прилично изненадени како варираат калориите во различни видови на сладолед. Секако, домашниот сладолед е најдобро решение!

Маркетинг

sladoleddieta2

Пример за дневно мени:

Појадок: Една шолја жолти снегулки, прелиени со една лажица шеќер, една шолја боровница и една шолја млеко со мало ниво на масти.

Ручек: Сендвич со две парчиња интегрален леб, парче зелена салата и 75 гр. Туна. По желба може да додадете и парчиња домат и како зачин мелен босилок.

Ужина: Шолја млеко со мало ниво на масти и едно овошје.

Вечера: Едно големо парче пица со сирење и мешана салата.
 
Десерт: Една чинија сладолед.

sladoleddieta4

Втор пример за дневно мени:

Појадок: 75 гр. Младо сирење, 2 тоста од интегрален леб, 1 портокал, шолја чај.

Ручек: Печен пилешки стек (150гр.), парче интегрален леб, голема чинија салата од сезонски зеленчук.

Ужина: Шејк од 2.5 дл. домашен јогурт и пола шолја малини, капини или боровинки.

Вечера: 200 гр. Шампињони печени на тефлон, 25 гр. Шунка, шолја попарен мешан зеленчук (карфиол, морков, млада боранија, грашок…) и 1 домат како салата.

Десерт: Една чинија сладолед.

Што е важно да се знае?

Значи, може да јадете сладолед секој ден, а добро избалансирано мени ќе ви овозможи внесувањето на калории да се држи под контрола. Другиот дел од „сладолед диетата“ вклучува физичка активност (барем 30 мин. брза прошетка секој ден), иако ова е препорачливо без разлика која диета и да ја користите.

Кога сте на сладолед диетата, ве советуваме да јадете различни хранливи намирници кои се богати со влакна, заедно со овошје, зеленчук и секако, дневната порција сладолед. Можете да јадете различни врсти на сладолед, иако е најдобро да се држите до проверено здравите, домашни сладоледи кај кои можете и да ја контролирате количината на калории кога ги правите.

Дали оваа диетата е навистина ефикасна?

sladoleddieta3

Оваа диета ја имаат пробано доста луѓе и сите тврдат дека оваа диета функционира и дава резултати. Колку точно килограми се губат се уште не е потврдено, затоа што станува збор за релативно нова диета, но некој просек е околу 3 килограми неделно, што со вака богато мени, воопшто не е лошо.

Доколку се решите да ја пробате оваа диета, морате најпрво да проверите дали ви одговара. Диетата со сигурност ќе функционира ако ја разберете и ги пратите насоките кои ви се дадени. Инаку, оваа диета го има добиено ваквото име само за да привлече внимание, но таа е во суштина многу разумен пристап кон слабеењето, а тоа е вежбање и броење на калориите кои се внесуваат.

Па, време е за една порција сладолед, нели?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button