Погледнете ја оваа листа со зачини кои може да ви помогнат да се ослободите од вишокот килограми.
Лута мелена пиперка
Со оглед на тоа дека честопати е МНОГУ лута, мелената пиперка е зачин кој може да го користите за да го забрзате својот метаболизам, затоа што токму лутината има големо влијание на новото на масти во вашиот организам, а може да го намали и внесот на калории.
Ѓумбир
Како еден од најдобрите зачини за губење на килограмите, ѓумбирот има позитивно влијание на работата на цревата. Добро е да го користите во исхраната или пак да пиете чај од ѓумбир.
Цимет
Циметот е особено важен зачин за оние кои имаат проблем со нивото на шеќер во крвта. Освен што овозможува негова регулација, добро е да го користите и во процесот на слабеење.
Куркума
Куркумата традиционално се користи во индиската кујна и на многумина им служи за губење на вишокот килограми. За разлика од другите зачини, таа директно влијае на работата на црниот дроб, па со самото тоа спречува таложење на масти во организмот.