Ким Кардашијан се подготвува за гала венчавката што ќе се одржи на 2 мај, а за да може да го носи невестинскиот фустан кој што го сака и да изгледа совршено, таа започнала со строг режим на исхрана и вежби.
Во продолжение ви откриваме како таа изгуби 25 килограми откако ја роди малата Норт и кои трикови за слабеење ги користи сега.
Исхрана
Таканаречениот кетогенички план на исхрана се состои од 1800 до 2200 калории, и е ограничен на само 50 до 60 грама јаглехидрати. Во своето мени Ким комбинира протеини од риба, пилешпко и останато месо, здрави маснотии како маслиново масло, авокадо и зрнести плодови. Тука е и зеленчукт со малку шеќер (скроб) и некои видови на овошје со низок гликемиски индекс како зрнестото овошје.
Три оброци и ужина во текот на денот се задолжителни.
Дневно мени: омлет од две јајца со сирење и спанаќ, хумус со зеленчук, лосос на скара, ролнички од мисиркино месо и сирење, јогурт прелиен со бадеми и боровница.
Вежби
Ким вежба секојдневно и комбинира ригорозен кардио тренинг со вежби за издржливост и сила, а чучњевите се задолжителни. Таа на тренинзите комбинира сила со висок интензитет во неколку сетови и повторувања. Станува збор за сличен систем како и кај кружниот тренинг. Вежбите кои што се прават варираат од чучњеви и згибови, до руски ѕвона. За да влезете во еден број помал фустан, потребно е да вежбате од шест до осум недели, барем три пати неделно.
Предлог за вежби: во позиција за склекови затегнете го коленото пред себе, а потоа истегнете ја ногата наназад. Правете чучњеви и исчекори во три серии по 12 повторувања.
Трик со корсет
Се шушка дека Ким веќе подолго време пред спиење носи тесен корсет за да го намали обемот на половината. Истиот трик го правеше и Џесика Алба, која ноќе носеше и по два корсети, и тоа три месеци, за што побрзо да ослабне по породувањето. Некои експерти тврдат дека корсетите ги обликуваат мускулите и помагаат преку потењето да се исфрлат токсините од организмот.
Според други, оваа техника може повеќе да ви наштети, отколку да ви помогне. Па одлучете си сами!