NEWSБизнисВести

Слаба економија, скапи животи – Мрачната економска прогноза за 2025

Advertisement

Македонија бележи еден од најсилните економски растови во регионот и инфлацијата се очекува да го надмине растот на бруто-домашниот производ (БДП) во текот на 2025 година. Според најновите економски анализи, притисоците од цените на храната, енергијата и платите остануваат силни, што ќе го забави закрепнувањето на стандардот.

Во вториот квартал од годинава, Македонија, заедно со Хрватска, го има најсилниот раст на БДП во Адрија регионот, со стапка од +3,4% на годишно ниво. За споредба, Србија во истиот период оствари раст од 2,1%, додека закрепнувањето на Словенија останува кревко поради послабата трговија со ЕУ и зголемените трошоци за работна сила.

Advertisement

Сепак, главниот предизвик за македонската економија останува инфлацијата. Аналитичарите посочуваат дека, иако таа постепено се намалува, сè уште е над посакуваното ниво. Македонија, заедно со Србија и Босна и Херцеговина, се издвојува како земја каде основните притисоци врз цените продолжуваат да бидат изразени.

Дополнителен ризик, според анализите, претставуваат и можните геополитички тензии или нови енергетски шокови, кои би можеле повторно да ги разгорат ценовните притисоци во целиот регион.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button