Наши ѕвезди

Скршена од преголема болка се огласи и Ева Заева – објави никогаш видена фотографија со починатиот Душко

Ева сподели никогаш видена фотографија на кој е со Душко, а на неа стави и едно скршено срце

Advertisement

На нејзиниот профил осамна тажна објава

Ева Заева, ќерката на братот на поранешниот премиер Зоран Заев, Вице Заев, со тажна објава на социјалните мрежи.

Advertisement

Имено, Ева сподели никогаш видена фотографија на која е со Душко Чифлиганец, младиот бизнисмен што почина вчера.

Инстаграм

Станува збор за црно-бела фотографија на која се гледа како се држат за рака, а Ева сподели и едно скршено срце.

Advertisement

Ова е многу тежок и тажен ден за неа, но и за сите кои беа блиски и го познаваа Душко чиј живот згасна на 32-годишна возраст.

Инстаграм

Тој загина по несреќата што се случи на 2. август на мото-трка во Брно, откако докторите 24 часови се бореа за неговиот живот.

Инстаграм

Младиот бизнисмен и генерален менаџер на компанијата „Адора“ во болницата беше донесен во тешка состојба, а докторите направија сé што беше во нивна можност за да го одржат во живот, но безуспешно.

Инстаграм

Тој беше познат по својата страст по автомобили и мотори, како и по љубовта со Ева, иако тие никогаш не ја потврдија нивната врска.

Нивните заеднички фотографии пред неколку години често можеа да се видат и во медиумите, и тие секогаш беа среќни заедно.

Инстаграм

По трагичната несреќа и многу наши познати ѕвезди се збогуваа од Душко, а тажната вест ја споделија и медиумите од соседството.

Имено, младиот бизнисмен живееше во Дубаи каде тој заврши и дел од своето високо образование, а беше познат и по својата хуманитарна дејност, па и во соседна Србија, каде имаше хуманитарна мисија со Фондацијата на Новак Ѓоковиќ, за што известуваа и медиумите.

Инстаграм

Тој беше дел и од минатогодишниот „The Economist MeetUp“ што се одржа во Скопје, каде на панел-дискусијата нслоена „Бизнис, закон и заедница“, зборуваше на тема „Како големите компании го обликуваат економскиот и општествениот раст“.

Наследникот на Ванчо Чифлиганец тогаш со својот говор на почетниците во претприемништвото им порача на прво место да го ставаат својот интегритет, но истовремено и да работат етички, морално и чесно, бидејќи овие карактеристики за жал сè повеќе недостасуваат во работната средина, не само во Македонија, туку помалку или повеќе, секаде во светот.

„Не треба да сме алчни, не е сè во профитот и материјалното. Живееме во свет кој урива рекорди на нарушено ментално здравје и нарушени меѓучовеки односи од секаков вид. Забораваме дека пред сè, треба да сме луѓе и тоа секојдневно да го комуницираме едни кон други. Бизнис лекциите се важни, но на крајот на денот, поважно е да заспиваме и да се будиме со добра мисла, со мирен ум и спокој, и да бидеме богати со оние најскапи работи околу нас, оние работи што не се купуваат со пари“, порача тогаш Душко Чифлиганец.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button