Наши ѕвезди

Скршена од болка Зуица Лазова сподели тажна вест – фотографиите откриваат колку беше блиска со неа

Голема загуба за семејството на пејачката

Advertisement

Нашата позната фолк-пејачка Зуица Лазова пред само неколку ден остана без една многу важна личност во нејзиниот живот.

Имено, пејачката скршена од болка преку социјалните мрежи се збогуваше од својата втора мајка со која беше мошне поврзана.

Advertisement

По големата семејна загуба, таа сподели и нејзина фотографија, а се прости од неа со тажни, емотивни зборови.

Принтскрин/ Јутуб

И како што самата вели, Ганче, и да ѝ била вистинска мајка, немала да и се најде толку многу во животот.

„Ганче моја… да ми беше родена мајка, немаше да ми се најдеш толку мнооогу во животот…Ти благодарам за се мајче моја и продолжи да не чуваш од местото кај што нема болка и страдања. Ангел мој“ напиша Зуица на Фејсбук скршена од болка.

Фејсбук/ Зуица Лазова

Потсетуваме, Зуица без својата вистинска мајка остана во младоста, бидејќи таа починала на 51 годишна возраст.

Mалкумина знаат дека Зуица песната „Утринска коба“ ја има снимено во периодот кога останала без својата мајка.

Принтскрин/ Јутуб

Нејзината мајка почина многу млада, на 51 годишна возраст, а Зуица сите свои емоции тогаш ги има „истурено“ токму во оваа песна.

Песната беше изведена на „Цветници“ и доби бројни нагрди, а денес важи за една од најубавите песни на Зуица.

„Таму се пее за либето, меѓутоа еве ќе кажам дека и друго ме допираше- имаше еден друг момент кој што исто ме тераше на солзи. А тоа беше моментот кога Наум имаше одредени здравствени проблеми и чекавме резултати“, сподели пејачката во една пригода за Куларт, откривајќи детали поврзани со снимањето токму на оваа нејзина песна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button