Скршена од болка, тажната вест за колегата ја погоди – пејачката се огласи, во солзи му изрази сочувство
Брена се огласи по смртта на својот колега

Скршена од болка, се збогуваше од својот колега
Познатиот хармоникаш од „Слатки грев“, Љубиша Марковиќ Френки, почина по долга борба со тешка болест.
Веста за неговата смрт ги потресе неговите колеги, а посебно Лепа Брена со која долго време настапуваше и ја делеа сцената.

Принтскрин/ Јутуб
Имено, Брена со „Слатки грев“ ја започна својата кариера, кога настанаа и бројни хитови кои одбележаа цела една епоха.
Френки беше дел и од култните филмски остварувања „Ајде да се сакаме“, каде Слатки грев го пренесе својот шарм и на платно.

Принтскрин/ Јутуб
Познатиот музичар од колегите не беше ценет само заради хармониката, туку и заради својата професионалност и пред се, заради човечката добрина и топлина со кои зрачеше во текот на својата кариера.
„Обично во вакви ситуации останувам нема. До последен момент се надевав дека ќе ја победи болеста, но за жал замина. Нека почива во мир“, изјави Брена за српскиот портал Курир.

Принтскрин/ Јутуб
Потсетуваме, Брена беше мошне блиска и со Саша Поповиќ, кој исто така беше дел и еден од главните во „Слатки грев“.

Принтскрин/ ТикТок
Таа само неколку дена по неговата смрт мораше да застане на сцената и да одржи концерт, кога и му посвети песна.
Брена тогаш пееше со солзи на очите, а како изгледаше овој емотивен момент на концертот, потсетете се тука.
 


