Патувања

Скриената чудотворна оаза на Балканот од 16 век со присуство на тревари – лековита бања на само 30 километри од Македонија

Скриена меѓу падините на планината Кораб, оваа дестинација сè уште не е преплавена од туристи, но токму тоа ја прави совршена за вистински одмор, лекување и бегство од секојдневниот стрес.

Advertisement

Во североисточниот дел на Албанија, на само триесетина километри од македонската граница, се крие еден од највредните природни бисери на регионот, термалната бања во Пешкопија. Скриена меѓу падините на планината Кораб, оваа дестинација сè уште не е преплавена од туристи, но токму тоа ја прави совршена за вистински одмор, лекување и бегство од секојдневниот стрес.

Термалната бања се наоѓа на исток од Пешкопија, на приближно 1 километар од центарот на градот.

Advertisement

Уште од 1600-тите години, лековитите својства на топлите извори привлекувале луѓе од целиот Балкан во Пешкопија. Минералната вода постојано има температура од 40 степени Целзиусови и се користи за третман на состојби како што се: ревматизам, болки во рбетот и артритис.

Бањскиот комплекс работи во текот на целата година, со бројни хотелски капацитети и ресторани во близина.

принтскрин јутјуб

Лековитост и термални чуда под отворено небо

Пешкописките термални извори имаат температура помеѓу 40 и 43 степени Целзиусови и се богати со сулфур, сулфати и минерали како калиум и калциум. Водата овде природно извира од длабочините на Кораб и се користи со децении за лекување на ревматизам, болки во зглобовите и во рбетот, хронични кожни болести, воспаленија, респираторни проблеми, па дури и некои гинеколошки состојби.

Advertisement

Посетителите можат да се капат во уредени природни базени под отворено небо, а достапни се и базени во рамките на хотели и приватни бањски центри.

принтскрин јутјуб

Најголем дел од нив нудат и терапевтски масажи, облоги со кал и услуги со локални травари кои ја надополнуваат лековитата моќ на изворите.

Сместување, цени и услуги

Во самиот град и неговата околина функционираат неколку мали, но пријатни хотели и бањски капацитети. Хотелот „Термал“ е најпознат меѓу нив и нуди соби по цена од 25 до 35 евра по лице за ноќевање со појадок. Во цената често е вклучен и пристап до термалните базени.

Дополнителна масажа чини околу 10 евра, додека третман со облоги од кал се наплаќа околу 6 до 8 евра. За оние кои сакаат подолг престој, достапни се и апартмани и соби од приватни домаќинства по поволни цени.

принтскрин јутјуб

Локални специјалитети и автентичен туризам

Освен што е бањска дестинација, Пешкопија изненадува и со вкусна традиционална кујна.

Посетителите не треба да ја пропуштат питата со коприва, јагнешкото печење, домашното козјо сирење и неизбежната ракија со планински тревки. Најдобрата храна може да се најде во малите семејни ресторани кои се простираат покрај реката Радика или во селата околу градот.

Гостите имаат можност да уживаат и во прошетки низ планинските патеки, посети на локални пазари или екскурзии до блиските села каде што се чува традицијата на албанскиот рурален живот.

Од Македонија до бањите најлесно се стигнува преку Дебар. Од таму, до Пешкопија има околу 30 минути возење. Патот е асфалтиран и прооден преку целата година. За оние кои не патуваат со сопствено возило, достапен е такси-превоз и организирани мини-бусови, особено за време на викенди и за празници.

Пешкопија — повеќе од бања

Иако помалку позната, Пешкопија има сè што ви е потребно за квалитетен и здравствено корисен одмор. Без туристичка врева, со чист воздух, природна вода и љубезни домаќини, оваа дестинација полека, но сигурно станува една од најпосакуваните алтернативи за викенд бегство или за рехабилитација. Пешкопија не нуди само топла вода, туку и топлина за душата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button