Скорпија: Хороскопски знак кој доминира со својата привлечност и интелект
Немирниот и непокорлив дух на Скорпиите ги прави поразлични од останатите.
Немирниот и непокорлив дух на Скорпиите ги прави поразлични од останатите. Симболот на овој хороскопски знак е река. Скорпиите се длабоки како река, носат многу непознати и скриени нешта со себе, постојано се во движење, а животот им е динамичен, полн со препреки, кризи и внатрешни конфликти. Кога се предаваат, тоа го прават целосно, без никаква кочница, било да се работи за љубов, пријателство или работа. Скорпијата е осмиот знак по ред и тој во себе крие многу тајни.
Припадниците на овој знак се многу мистериозни, па затоа им одговараат професии од таква природа. Не е случајност тоа што Скорпиите се најдобрите детективи во зодијакот, во овој знак се родени и многу луѓе со истражувачки дух како што се Марија Кири, Парацелзус и други. Скорпиите се многу интелигентни. Тие ги рушат старите норми и вредности и создаваат нови, уште поголеми. Овој знак поседува голема моќ за трансформација и регенерација. Токму затоа Скорпиите поминуваат низ големи промени.
Припадниците на овој знак често поминуваат низ кризи и падови за потоа како феникси да се издигнат од пепелта и да започнат нов живот, чиниш доживеале преродба, но не телесна, туку духовна. Тогаш ја почнуваат новата фаза од нивниот живот, целосно прочистени благодарение на длабоките емоции.
Извор: kafepauza.mk