За нив постои или се’ или ништо. Скорпиите се екстремен хороскопски знак и покрај тоа што имаат изразени и негативни страни, тие ќе ве пленат со својата лојалност.
Кога станува збор за односите со други луѓе, знајте дека за Скорпиите нема средина. Или ќе бидат подготвени буквално да стават рака во оган за вас или ќе се преправаат дека не постоите. Скорпиите се злопамтила и многу тешко ќе ја поправите својата грешка кај нив. Токму тогаш кога ќе помислите дека тие заборавиле и дека повторно ги имате старите односи, ќе ви ја покажат својата одмазда која одамна ја планирале.
Иако повеќето Скорпии навистина се ладнокрвни, тоа не значи дека емоциите не им се развиени. Нивните емоции се многу длабоки, но мошне добро знаат да ги кријат. Скорпиите се полни со енергија, па внимавајте да не го преминете нивниот праг на толеранција, затоа што ќе доживеете вистинска експлозија.
Мора да се признае дека Скорпиите сакаат да имаат пари, но во зависност од тоа какви финансиски средства имаат, тие се однесуваат или како просјаци, или како милионери. Во било кој случај – нема да останете рамнодушни на нив!