Celebrity

Скопје ветува концертна ноќ за паметење – Пеѓа Јовановиќ на 15 мај во С.Ц. „Јане Сандански“ 

Очекувајте ноќ исполнета со најголемите балади и енергични песни кои ја освоија публиката ширум Балканот, како и специјални музички изненадувања, како негови гости на скопскиот концерт.

Advertisement

Со особено задоволство Евент продукција го најавува првиот концерт на Пеѓа Јовановиќ и неговиот Big Concert Orchestra во Скопје! Концертот ќе се одржи во четврток, 15-ти мај, во С.Ц. „Јане Сандански“ со почеток во 20 часот.

Пеѓа Јовановиќ, човекот кој наместо со скандали и медиумски афери само со своите песни и емотивните изведби на неговите концерти буди море од чувства, дефинитивно прераснува во еден од најпопуларните и најбараните пејачи во последниве неколку години.

Advertisement

Во 2023 година, Јовановиќ го издаде својот прв албум „24/7“ со 10 песни, секоја од нив придружена со видео спот. Песните од албумот остануваат на врвот на музичките листи и по една година од издавањето, потврдувајќи го неговиот статус како музичка икона. По издавањето на албумот, следуваа осум распродадени „МТС сали“ во 2023 година и три распродадени „Сава Центри“ во 2024 година, покажувајќи ja наклонетоста кон неговите песни на неговата публика.

фото-приватна архива

Успехот на Пеѓа Јовановиќ се должи не само на неговите авторски песни, туку и на извонредните преработки на песни од неговите колеги, кои добиваат нов живот преку неговиот уникатен, оригинален и суптилно емотивен стил на нивна изведба.

На 15-ти мај подгответе се за вечер исполнета со емоции, љубов и незаборавни хитови кои харизматичниот пејач со моќен вокал и уникатна енергија, ќе и ја донесе на својата публика во македонската престолнина. Очекувајте ноќ исполнета со најголемите балади и енергични песни кои ја освоија публиката ширум Балканот, како и специјални музички изненадувања, како негови гости на скопскиот концерт.

Advertisement

Влезниците се во продажба преку www.vleznica.mk – резервирајте на време и бидете дел од едно од најголемите музички случувања оваа пролет!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button