Реклама
Култура[тор]

„Скопје Гори“ со Public Enemy и Orbital

Реклама

Оваа година Скопје „навистина ќе гори“…

Маркетинг

На годинешното издание на „Скопје Гори“, на 26 Јуни, ќе има навистина да се види нешто посебно и несекојдневно за нашата сцена. Доаѓаат два легендарни бенда кои што ја имаат испишувано музичката историја. Станува збор за легендарниот и најверојатно најдобриот hip hop состав на сите времиња, основачите на new school стилот и еден од највлијателните бендови во целокупната музика, Public Enemy. Значи, на сцената под калето свое ’шоу‘ ќе имаат Chuck D, Flavor Flav и Terminator X.

alt

Маркетинг

Public Enemy својот прв албум  “Yo! Bum Rush The Show” го издадоа во далечната 1987г. и од тогаш ја започнаа својата мисија за едукација и рамноправност на црните луѓе низ САД. По нив следеа албумите “It Takes a Nation of a Millions to Hold Us Back”, “Fear of a Black Planet”, “Apocalypse ’91…” “Greatest Misses”, “Muse Sick-n-Hour Mess Age” …. За да потоа направат неколкугодишна пауза годинава ги издадат “Most of Pur Heroes Don’t Appear on Stamps” и “The Evil Empire of Everything”. Навистина ќе имаме ретка можност да ја слушнеме оваа промоција во живо!

{youtube}LB4D-GbQ9A4{/youtube}

Другите големи ѕвезди се британското електронското дуо, легендарните Orbital – бендот кој е меѓу пионерите и најбитните имиња во започнувањето на електронската масовна музичка револуција од 90-тите. Уште со првиот албум “Green Album” најавија дека станува збор за нешто сериозно, за да потоа со наредниот, “Brown Album” веќе дадат до знаење на сите за какви музичари станува збор. Следеа исто така антологиските “Snivilization” и “In Sides”, за да потоа со “The Middle of Nowhere” од 1999г. малку го променат својот sound, а од 2004 до годинава имаа и ’мала‘, заслужена пауза. Годинава и тие издадоа нов албум, со наслов “Wonky” и нивниот концерт во Скопје всушност ќе претставува негова презентација. Пред повеќе години на „Таксират“ имавме прилика да го слушнеме DJ сетот на Phil (едната половина од братското дуо), но ова што следи на 26 Јуни би требало да биде она правото.

alt

{youtube}q25Zx6B5HJA{/youtube}

Освен овие два бенда, на „Скопје Гори“, исто така после неколкугодишна пауза ќе настапат и српскиот бенд „Партибрејкерс“, а од домашните бендови, заедно со овие големи имиња, честа да настапат ќе ја имаат кумановците „Подземен ефекат“, а концертот ќе го отворат хип – хоп бандата „Легијата“.

Картите за концертов чинат 600 денари.  

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine бесплатно на Facebook!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button